Свет
Постигнат историски договор помеѓу светските лидери?!
Степен Харпер од Канада, председателот Обама на САД, председателот Саркози на Франција, Силвио Берлускони, италијанскиот премиер, историскатата слика на светските лидери во Лаквила
Председателот Обама и останатите лидери се состанаа за да постигнат нови цели за реализирање на помошни решенија за проблемот глобално затоплување, за кој се планира да биде постигнат конечен договор.За првпат во историјата, Америка и останатите седум најбогати економии се согласија да се услогласат и да го пречат зголемувањето на глобалната температура повеќе од просечните 2 степени целзиусови.Тие исто се согласија да го намалат негативното влијание од гасовите и останатите извори на енергија што не се обновливи, а со тоа и да го намалат исфрлањето на карбон диоксид во атмосферата за 80 проценти до 2050, а со тоа да го намалaт ефектот на стаклена градина. Тие се надеваат на постигнување на меѓународен договор во декември во Копенхаген. Но покрај осумте светски економски сили во реализирањето на овој договор, ќе учествуваат и Кина, Индија, Мексико, Јужна Африка и Бразил.Сепак надежите за постигнување интернасионален договор не се толку идилични како што изгледаат. Ова осумдесет процентно намалување на карбон диоксидот беше дочекано на нож од страна на Кина и кинескиот председател Ху Јинтао кој го одби договорот и се врати во својата земја да се справи со етничките немири кои ја потресоа Кина неделава.Во однос на Индија, има изгледи и таа да се согласи, но од земјите во развој не се очекува намалување на карбон диоксидот.Иако, договорот и преговорите се одвива зад затворена врата сепак Гордон Браун изјави дека договорот кој бил постигнат е историски:“Денес во Италија ги поставивме темелите за договорот во Копенхаген, се надеваме дека ќе биде фер и ефективен иако е прилично амбициозен. Многу нешта се променија од пред 2-3 години, во моментов сите сме свесни дека глобалното затоплување е најзначајниот проблем.Ова е битен чекор во намерите да ги лимитираат природните гасови, кои се причина за зголемувањето на температурата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести
Стотици американски студенти се уапсени низ американските кампуси додека полицијата ги задушува антиизраелските протести со кои се бара повлекување на Израел од Појасот Газа.
108 студенти беа уапсени на протест во Бостон во американската држава Масачусетс, а 93 беа уапсени на протест на приватниот универзитет во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, додека 28 студенти беа уапсени на Универзитетот Емори во Атланта во американската држава Џорџија. , соопшти полицијата, пренесува Си-ен-ен.
На Универзитетот Колумбија во Њујорк, епицентарот на демонстрациите, студентите рекоа дека нема да се разотидат додека факултетот не се согласи да ги прекине врските со израелските академски институции. Студентите од другите кампуси имаат слични барања, а во протестите учествуваат и Палестинци, Арапи, Евреи и муслимани, според Си-ен-ен.
Полицијата во Бостон во четвртокот наутро насилно ги отстрани шаторите поставени од студентите на колеџот Емерсон, при што уапси 108 од нив, објавија медиумите. На видеото може да се видат студенти како се штитат со раце и користат чадори за да и се спротивстават на полицијата.
Уште 93 студенти беа уапсени во средата навечер за време на протестите на Универзитетот во Јужна Калифорнија, соопшти полицискиот оддел во Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено под сомнение за напад со оружје, но не соопшти детали за инцидентот.
Студентите исто така протестираат од минатиот четврток во Технолошкиот институт во Масачусетс, Универзитетот во Тексас во Остин, Универзитетот во Мичиген, Универзитетот во Ново Мексико, Беркли, Јеил и Харвард, според Си-ен-ен.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.