Свет
Одземена наградата за фотографијата на волкот во скок
Организаторите на конкурсот за најдобра фотографија од животинскиот свет го дисквалификувале победникот и неговата фотографија на волчји скок, откако утврдиле дека животното било дресирано а не диво како што наложувале пропозицииите, пренесе Associated Press
Жирито на натпреварувањето Wildlife Photographer of the Year 2009, награда што ја доделува магазинот Wildlife на BBC во соработка со лондонскиот Проднонаучен мусеј, првично го наградија шпанскито фотограф Хосе Луис Родригез, но подоцна станел сомничави во поглед на автентичноста на фотографијата.Портпаролката на конкурсот, Лиус Емерсон во среда изјавила дека жирито заклучило дека волкот е најверојатно „животно-модел кое може да се изнајми за снимања“.Годинава на ова натрпеварување биле пријавени реокорден број фотографии – 43.135 од 94 држави, кои се натпреварувале во 17 категории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Втор круг претседателски избори во Хрватска
Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Во трката се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската Социјалдемократската партија СДП и Драган Приморац, кого го кандидира владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Во првиот изборен круг, одржан на 29 декември, Милановиќ освои 49,1% од гласовите, додека за неговиот противкандидат Приморац гласаа 19,35% од гласачите.
Хрватските гласачи, околу 3,8 милиони, ќе гласаат на 6 755 избирачки места во земјата и во странство.
Предизборните анкети предвидуваат убедлива победа на актуелниот претседател, а се очекува и поголема излезеност.
Во првиот круг на гласање излегле 46,02 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.
Свет
(Видео) Силен земјотрес во Мексико
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, во близина на брегот на Мичоакан.
Земјотресот се случил во 2 часот и 33 минути, по локално време, на длабочина од 91,1 километар.
❗ El sismo fue perceptible en los estados de Colima, Michoacán, Morelos, así como algunas zonas de la Ciudad de México. pic.twitter.com/sCPDUPKPTB
— Sepa Más (@Sepa_mass) January 12, 2025
Според првичните информации, земјотресот предизвикал штети на голем број објекти.
🌍🇲🇽 BREAKING: A powerful earthquake rocked Mexico City early this Sunday, jolting residents from their sleep! Stay alert and safe, as the tremors remind us of nature's might! 💥 #MexicoEarthquake #StaySafe #NaturalDisaster pic.twitter.com/CwrADJFfH4
— MiloX Viral (@MiloX_Viral) January 12, 2025
По ова, биле почувствувани уште неколку помали земјотреси.
Свет
(Видео) Шест лица загинаа, а осум се повредени при експлозија во ресторан во Чешка
Шест лица загинаа во експлозија и пожар во ресторан во Чешка, а уште осум лица со повреди се пренесени во болница, соопшти противпожарната служба. Според првичните изјави на сведоците, гасна греалка паднала и нејзината боца со пропан гас се запалила и експлодирала.
Несреќата се случила во ресторан во центарот на индустрискиот град Мост.
Според службите за итни случаи, пламенот невообичаено брзо се проширил.
V mostecké restauraci Kojot došlo k výbuchu propanbutanové lahve. Podle prvotních informací od svědků došlo k převržení ohřívače s následným požárem. Při tragédii zemřelo 6 lidí a dalších 8 bylo se zraněním převezeno do nemocnice. Na místě zasahuje 12 jednotek požární ochrany. pic.twitter.com/IdUSvwGQGz
— Hasičský záchranný sbor ČR (@hasici_cr) January 12, 2025
Околу 30 луѓе успеале да побегнат од ресторанот и соседните згради.
Velitel zásahu po příjezdu na místo rozhodl o zahájení hasebních prací a zároveň vyslal skupinu hasičů s útočným proudem hledat hosta restaurace uvězněného na toaletě. Těžce zraněného se ho hasičům podařilo z hořící budovy zachránit. pic.twitter.com/Itay7Sj8t7
— Hasičský záchranný sbor ČR (@hasici_cr) January 12, 2025
Според тамошните медиуми, пламените јазици биле високи од два до три метри, што се гледа и од ознаките на соседните згради, а градежниот инженер ќе испита дали е потребно да се урне објектот.
Полицијата отвори истрага поради сомнение за загрозување на животот и здравјето на луѓето.