Свет
BP објави дека го сопре истекувањето на нафтата
Британската нафтена компанија во четврток навечер објави дека при испитувањето на новата купола е запрено истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив
Како што пренесува CNN, првпат од април годинава, или вкупно 86 денови, илјадници тони нафта истекуваа од оштетената бушотина на дното на длабочина од 1.500 метри по потонувањето на нафтената платформа Deepwater Horizon , првпат не е забележано течење на нафтата и гасови во морето.Компанијата пред два дена на дупката во морето постави нова бетонска купола за собирање на нафтата која беше висока 5,5 метри и тешка 75 тони. .British Petroleum објави дека нафтата престанала да истекува точно во 21.25 минути по македонско време, откако инженерите постапено го намалувале количеството нафта кое истекувало низ последните три безбедносни вентила на куполата.Кент Велс, еден од потпретседателите на компанијата изјавил дека е многу радосен што може да соопшти дека нафтата веќе не истекува, пренесувa Reuters.Во експлозијата и пожарот која се случи на 20-ти април загинаа 11 луѓе, по што беше предизвикана најголемата еколошка катастрофа на територијата на САД. Сепак, стручњаците предупредуваат дека следуваат 48 часови исчекување дали куполата може да ја задржи нафтата без да дојде до ново пробивање на извори. Инженерите внимателно го следат променувањето на притисокот во куполата пред да ја отворат и да решат што ќе преземат натаму, пишува Associated Press.Ова не е трајно решение но е досега најголем успех во обидите да се спречи истекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив. Досега не успеа ниту еден од обидите на компанијата да се спречи загадувањето. Според British Petroleum конечното решени би требало да биде правење да извора кои ќе овозможат во главниот извор од кој истекува нафта да се сипе бетон и кал, со што се претпоставува дека проблемот ќе биде трајно решен. Досега во Мексиканскиот залив истекоа меѓу 370 и 740 милини тони нафта.Ова количество нафта досега загади една третина од Мексиканскиот залив, како и стотини километри песочни плажи и солени мочвари на брегот на американските сојузни држави Луизијана, Мисисипи, Алабама Флорида.Американските медиуми потсетуваат на катастрофата која во 1989 г. беше предизвикана со потонувањето на танкерот на Exxon „Валдез“ крај брегот на Аласка. Тоа досега е најголемото излевање на нафта од 11 милиони галони, но се претпоставува дека истата големина може да ја достигне и хаваријата во Мексиканскиот залив. Имено се предвидува дека само брегот може да го загадат околу 4,5 милиони галони нафта, со што Deepwater Horizon ќе биде една од најголемите светски еколошки катастрофи. Еxxon до денес има исплатено 4,3 милијарди долари отштети и за чистење на регионот од излеаната нафта.Американскиот претседател Барак Обама веднаш по хаваријата донесе мораториум на натамошните црпења нафта и пробни бушења во близината на американскиот брег, што инаку неодамна го дозволи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

