Свет
Во Москва уапсени 500 лица
Московската полиција во саботата уапсила најмалку 500 лица, претежно млади Руси и доселеници од подрачјето на Кавказот во настојувањата да се масовните тепачки кои од минатата недела предизвикаа големи меѓуетнички тензии
Како што изјавил за РИА Новости портпаролот на московската полиција, Виктор Бирјуков, во рациите биел запленети и поголеми количества најразлично оружје, од ножеви, палки, пиштоли до електрошокери. Силните полициски сили претходно растерале одобрен собир на екстремистичките деничари во севернито дел од руската престолнина, откако петстотини од нив почнале да палат огнови по улиците. Во близината на Црвениот плоштад, на плоштадот Манежни каде минатата недела околу протестираа пет илјади екстремисти и навивачки на фудбалскиот клуб Спартак биле уапсени околу 130 лица. Според Бирјуков, станува збор претежно за тинејџери од московските предградија. Претходно рускиот претседател Дмитриј Медведев го повика министерот за внатрешни работи Рашид Нургалиев да постави повеќе надзорни камери на главните плоштади во градот со чија помош се снимени и подоцна препознаети лицата кои деновиве се собираа обидувајќи се да предизвикаат безредија.Цела седмица интернет страниците на московските навивачи, на националистичките групи од една страна и на кавкаските доселеници од друга повикуваа на собири пресметки во Москва. Во градот Самара исто така биле уапсени стотина лица кои се обиделе да се соберат и да протестираат.Од средата московската полиција распореди три илјади свои припадници и почна до притворањето на околу 200 лица кои се сметаат за главните организатори на безредијата. Интернет страниците на доселениците од Кавказ каде е доминантно муслиманското население повикаа во средата да се соберат во центарот на Москва, но полицијата го оневозможи тој непријавен собир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

