Свет
Северна Кореја дозволи посета на инспекторите на МААЕ на нејзините нуклеарни објекти
Северна Кореја се согласи да им овозможи на инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неговите нуклеарни објекти, јавува CNN
Според американската телевизиска мрежа „Пјонгјанг се согласил да дозволи враќање на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергуија во нуклеарните објекти во земјата и се согласија да разговараат за продажба на 12 илјади нови прачки од горивото во странство, како што се претпоставува во Јужна Кореја“.Според информациите на CNN, претставниците на Северна Кореја ја дале оваа изјава по разговорите на кои е договарана скорешната посета на земјата од страна на гувернерот на американската држава Њу Мексико, Бил Ричардсон, кој претходно беше министер за енергија и се смета за експерт за нуклеарната програма на Северна Кореја.Северна Кореја, исто така, се согласила да го разгледа предлогот на Ричардсон за воспоставување трипартитна комисија со претставници од воените команди на САД, Северна Кореја и Јужна Кореја, јави CNN.„Северна Кореја, исто така, се согласи да го разгледа предлогот на Ричардсон за формирање трипартитно комисија со претставници од воените команди на САД, Северна Кореја и Јужна Кореја, како и да воведе ткн. „жешка линија“ меѓу армиите на двете Кореи“, се вели во информацијата.Северна Кореја се прогласи за „нуклеарна сила“ во 2005, а во 2006 и 2009 г. спроведе нуклеарни тестови на кои Советот за безбедност на Обединетите нации одговори со санкции. Во резолуциите 1718 и 1874 , при воведувањето на санкциите беше побарано од Северна Кореја днесување нови нуклеарни тестови и балистички ракети на месечините, да се откаже од намерата да поседува нуклеарно оружје и да се врати во шестпартитните разговори за денуклеаризирање на Корејскиот полуостров (со учество на Северна и Јужна Кореја, Русија, САД, Кина, Јапонија).На крајот од ноември 2010 г. Северна Кореја официјално го потврди проширувањето на својата нуклеарна програма, соопштувајќи дека проработеле неколку илјади центрифуги за збогатување на ураниумот централа во Јонгбјон. Инспекторите на МААЕ ги следеа активностите во Јонгбјон до април 2009 г., кога Северна Кореја престана да соработува со агенцијата и ги протера нејзините експерти од земјата./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа за Иран: Трамп ја следи ситуацијата, може да има сериозни последици
Американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи ситуацијата на терен во Иран, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Таа додаде дека Трамп и неговиот тим го предупредиле Техеран дека ќе има „тешки последици ако продолжат убиствата поврзани со владината репресија“, пренесува Ројтерс.
Трамп вчера изјави дека му било кажано дека убиствата како дел од иранската репресија на протестите низ целата земја се намалуваат и дека верува дека во моментов нема план за масовни егзекуции, иако тензиите меѓу Техеран и Вашингтон остануваат високи.
„Ќе бидеме многу вознемирени ако егзекуциите продолжат“, рече Трамп.
Тој не ја исклучи воената акција на САД, велејќи дека ќе „следи како се одвива процесот“, истакнувајќи дека американската администрација добила „многу охрабрувачка порака“ од Иран.
Протестите во Иран започнаа на 28 декември 2025 година поради девалвацијата на локалната валута, иранскиот риал, а на 8 јануари, по повикот на Реза Пахлави, син на шахот на Иран, кој беше соборен во 1979 година, протестните маршеви се интензивираа низ целата земја.
Истиот ден, интернетот беше исклучен, а во неколку ирански градови протестите се претворија во судири со полицијата и беа придружени со скандирања против иранскиот политички систем.
Беше објавено дека имало жртви и меѓу безбедносните сили и меѓу демонстрантите.
Иранските власти, обвинувајќи ги САД и Израел за организирање на немирите, на 12 јануари објавија дека ситуацијата е ставена под контрола.
Свет
(Видео) Мерц: Русија е европска земја, стабилните односи со неа се клучни за иднината на ЕУ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва.
Зборувајќи пред бизнисмени на новогодишен прием во Хале, Мерц рече дека стабилноста во односите со најголемиот сосед на Европа е клучна за иднината на Европа и Германија, пренесуваат медиумите.
Germany's Merz:
Russia is a European country, our largest neighbor.
If we succeed, in the longer term, in once again finding a balance with Russia—if peace prevails, if freedom is guaranteed—if we succeed in all of this, ladies and gentlemen, then the European Union, and we in… pic.twitter.com/zYBfxawgr9
— Clash Report (@clashreport) January 15, 2026
„Ако успееме да го вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно најдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, зборувам за Русија, ако владее мир и ако се обезбеди слобода, ако успееме во сето ова, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме следниот тест и по 2026 година ќе можеме да гледаме кон иднината со доверба“, рече Мерц.
Канцеларот, според написите, нагласил дека неговата изјава не е поврзана со фактот дека се наоѓа во источниот дел на Германија.
„Го велам тоа каде и да сум во Германија“, рече Мерц, додавајќи дека „Русија е европска земја“.
Фото: ЕПА
Свет
Претседателот на Чешка: Американското преземање на Гренланд би претставувало сериозна закана за НАТО
Претседателот на Чешка, Петр Павел, денес предупреди дека нема прашање за безбедноста на Гренланд што не може да се реши со разговори на сојузниците во рамките на НАТО и дека американската анексија на тој дански остров би значела сериозна закана за кредибилитетот на западниот воен сојуз и принципите врз кои е основан.
„Кога едната страна е целосно отворена за разговори, нема смисла да се преземаат какви било присилни мерки. Какви и да се приговорите на САД во врска со Гренланд и одбраната, тие можат да се решат преку преговори на сојузниците“, рече Павел за време на неговата посета на Украина.
Павел рече дека Данска е отворена за разговори за посилно американско присуство и почести воени вежби, вклучително и користење на минералното богатство на островот, и предупреди дека секое воено решение веднаш ќе биде искористено од непријателите на Западниот сојуз.
„Тоа навистина би им било од рака и верувам дека ниту европските сојузници ниту САД не го сакаат тоа“, рече чешкиот претседател.
Павел, кој утре во Киев ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дојде по трет пат од почетокот на руската инвазија на Украина, каде што разговараше за можна соработка во областа на противвоздушната одбрана, како што направи и новиот чешки министер за надворешни работи Петр Мацинка една недела претходно.
И двајцата им потврдија на украинските претставници дека меѓународната иницијатива „Муниција за Украина“, која ја координира Чешка, нема да биде суспендирана, иако партиите што ја сочинуваат новата чешка влада претходно се заканија дека ќе го сторат тоа кога ќе дојдат на власт.

