Свет
Потона брод кај Божикните острови -загинати 48 луѓе
Најмалку 48 лица загинале кај Божикните острови кога се превртел бродот на кој се наоѓале, пренесува Танјуг.Досега се пронајдени 30 тела, спасени се 42 лица, а како што се претпоставува на бродот имало 90 лица, а уште 18 се водат како исчезнати, а веројатноста дека се преживеани е минимална, изјавила денеска австралиската премиерка Џулија Гилард.Таа додала дека е можно нивните тела никогаш да не бидат пронајдени, ниту пак да се утврди колку точно патници – азиланти биле на потонатиот брод.Една од преживеаните, ирачанката Рана Мохамед, изјавила за австралискиот весник „Вест острелијен“ дека екипажот, неколку часа пред бродот да удри во карпите во близина на Божикните острови, ги изгаснал моторите и соопштиле дека наскоро ќе им пристигне помош од австралиска морнарица.Таа додал дека пред еден месец заедно со својот маж и седумгодишен син побегнале од Ирак.Во моментот на несреќата тројцата биле заедно и се држеле за раце. Сите имале на себе појаси за спасување. Рана не знае дали нејзиниот маж и син преживеале.Австралија е многу популарна дестинација за луѓето од Авганистан, Ирак, Иран и Мјамнар тие прво пребегнуваат во Индонезија и оттаму заминуваат за Австралија, главно со пренатрупани бродови. Несреќите на таквите бродови се многу чести./крај/блиц/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

