Свет
Закана за исклучување на струјата во централна и северна Кина
На градовите во централна и северна Кина им се заканува исклучување на струјата и рестрикција поради намалување на резервите на јаглен, по растот на побарувачката.Ладното време и проблемите во сообраќајот во Кина се главните причини за исклучување на струјата, а оваа година ситуацијата дополнително е отежната поради незадоволството на произведувачите на јаглен поради цените на овој енергенс.Кинеската електродистрибуција соопшти дека зимските бури ја зголемиле побарувачката и предизвикале сообраќајни гужви што ја попречило испораката на јаглен.Службеник од кинеската енергетска мрежа, Хан Сјаопинг рече дека постои проблем со ресурсите, но и со пазарот.„Трошоците растат дневно, а цената на јагленот е строго контролирана, така да добавувачите не можат да ги платат трошоците“ рече тој.Необично сувото време влијаело на намалување на производството во хидроелектраните со оглед на тоа дека нивото на водата во просек е 10 отсто под нормалата.Во браната Три клисури, најголемата хидроелектрана на светот, протокот на водата е за 26 отсто помал од вообичаеното, соопшти кинеската електродистрибуција./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

