Свет
Четириесет загинaти во напад во Пакистан

Пакистанската полиција потврди дека експлозијата од саботата на еден од пунктовите каде се делела храна за бегалци во северо-западниот дел на земјата, во којашто загинале повеќе до 40 лица, ја извршил бомбаш-самоубиец
Експлозијата се случила во градот Кар, административен центар на областа Баџаур на границата со Авганистан. Според извештаите на локалните медиуми, загинале 41 луѓе а 62 лица беа повредени, во моментот на нападот околу пунктот за делење храна имало во околу 1.100 луѓе.Според Reuters, кој се повикува на изјава од портпаролот на полицијата кој поседувал информации засега само од изјави на очевидци собрани на почетокот од истрагата, експлозивот бил ставен околу телото на напаѓачот а тој меѓу толпата пред да се разнесе фрлил и неколку рачни гранати.„Прво имало две помали експлзоии меѓу толпата во итнервал од неколку секунди, при што се создала паника, по што следувала голема експлозија“, се цитира изјавата на локалниот жител Хусаин Ахмед.Баџaур е дел од ткн. племенски области во близина на границата со Авганистан. Во овој дел од семјата не владеат федералните закони на Пакистан, туку вистинската власт ја имаат племенските водачи и лидерите на клановите. Се верува дека во овие тешко достапни планини коишто се протегаа по должината на границата со Авганистан, е прибежиште на илјадници исламисти поврзани со талибаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ќе ја браниме секоја педа од НАТО – САД по инцидентот со руските дронови во Полска

САД во Советот за безбедност на ОН порачаа дека ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО по упадот на руски дронови во Полска. Американската претставничка Дороти Шиа оцени дека инцидентот е алармантно кршење на воздушниот простор.
Полска соопшти дека соборените дронови не биле грешка, покажувајќи докази за нивното руско потекло. Москва, пак, тврди дека не целела кон полски мети и дека дометот на дроновите не дозволувал да стигнат до Полска.
Загриженост за случајот изразија и други земји во Советот за безбедност, а 43 држави усвоија заедничка изјава со барање Русија да ја прекине агресијата врз Украина.
Свет
Повеќе од половина Полјаци не би ја бранеле државата во случај на војна

Повеќе од 50 проценти од полските граѓани изјавиле дека не би се вклучиле во одбраната на земјата доколку избие војна, покажува најновата анкета на Институтот „Полстер“, спроведена на 1020 испитаници.
Само 26 проценти рекле дека се подготвени доброволно да се пријават во војска или на друг начин да ја поддржат одбраната на Полска, додека 17 проценти не знаеле како би постапиле.
Истражувањето е спроведено на 10 и 11 септември, а како повод медиумите го наведуваат најновиот инцидент со руски дронови кои влегле во полскиот воздушен простор. Министерството за внатрешни работи потврди дека биле забележани 16 летала, од кои дел биле соборени од НАТО авиони.
Свет
(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона. Стоејќи покрај празната столица што ја користел нејзиниот сопруг, им се заблагодари на службите за итна помош и на Белата куќа, а потоа им се обрати на злосторниците.
„Крикот на оваа вдовица ќе одекнува како борбен повик. Ако мислевте дека мисијата на Чарли беше силна порано, немате поим што штотуку ослободивте низ земјата и светот.“
ERIKA KIRK Speaks to America…and the World… for the first time since her husband was assassinated.
VERY POWERFUL and heart wrenching! pic.twitter.com/HyWlR8N3N3— Elvin Unleashed (@Elvin_Unleashed) September 13, 2025
Кирк беше убиен во средата на универзитет во Јута, а осомничениот Тајлер Робинсон е уапсен. Претседателот Доналд Трамп најави дека постхумно ќе му додели Медал на слободата, опишувајќи го како првак на генерацијата.
„Трнинг поинт УСА“ го нарече својот основач маченик и пионер. Потпретседателот Џ. Д. Венс го пренесе ковчегот во Феникс со владин авион.
Ерика Кирк, поранешна Мис Аризона и мајка на две деца, најави дека турнејата и подкастот на нејзиниот сопруг ќе продолжат.