Свет
Гбагбо ја тргна воената блокада од штабот на противникот
Самопрогласениот претседател на Брегот на слоновата коска, Лорен Гбагбо,, се согласи да ја отстрани блокадата на војската околу штабот на неговиот опонент и победник на претседателските избори во ноември, Аласан Куатара, соопшти денеска еден од медијаторите во спорот, пренесува Си-ен-енПремиерот на Кенија, Раила Одинга, кој е еден од тројцата африкански лидери кои посредуваат во спорот, го соопшти ова по разговорот со Гбагбо.„Информацијата која јас ја имам е дека е отстранета блокадата околу хотелот „Голф“, каде што е сместен Куатара. Тој во наше присуство го викна началникот на армијуата и му нареди блокадата да биде отстранета, па јас претпоставувам дека тоа се лсучило“, изјави Одинга.Одинга исто така тврди и дека Гбагбо е отворен за директен дијалог со неговиот политички противник. Тој истакна дека тројцата медијатори наскоро повторно ќе допатуваат во земјата, но не прецизираше датум. „Гбагбо не поставува никакви услови. Тој бара амнестија и сака да знае дали ќе биде безбеден ако одлучи да остане во земјата. Тоа се нешта кои можат да се договорат само лице в лице помеѓу Гбагбо и Куатара“, вели Одинга и додава дека, накратко, Гбагбо е веќе подготвен да преговара безусловно. Претходно, Куатара изјави дека ќе обезбеди пристојно заминување на Гбагбо, ако се согласи да се повлече од функцијата. Гбагбо себе си се смета за вистински победник на изборите и не подлегна на меѓународниот притисок да си замине. Веднаш по објавувањето на резултатите од изборите во ноември, тој побара повторно броење, што меѓународните набљудувачи го одбија, затоа што сите изборни документи се наоѓаат во рацете на неговите поддржувачи. Во насилствата кои избија по неговото одбивање доброволно да ја напушти претседателската палата загинаа преку 170 луѓе. /крај/цнн/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него
Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди долари, објави порталот Политико, цитирајќи неименуван американски функционер.
Според официјални лица, пакетот оружје вклучува контраартилериски радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала.
На почетокот на неделава Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон за пакет воена помош за Украина, Израел и кинескиот регион Тајван во вредност од 95 милијарди долари, од кои 61 милијарда долари се наменети за помош на Украина.
Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега – победи“.
„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.
Свет
Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства
Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и Александар Кајгородцев веќе ги признале злосторствата што ги направиле во селата Подо-Калиновка и Абрикосовка, пишува рускиот медиум Ура.ру.
Меѓу жртвите се двајца полицајци и началникот на селото Љубов Тимчак, кој е назначен од Русија. Телото на началникот било пронајдено во средата, а на него биле видливи рани од огнено оружје, оган и експлозивни направи.
Полицијата набрзо добила дојава од заменик началникот на округот Алешински за откривање на уште две изгорени и осакатени тела на маж и жена. Безбедносните сили ги уапсиле осомничените истиот ден, а набрзо се испоставило дека станува збор за руските војници Александар Осипов и Александар Кајгородцев.