Свет
Авганистанскиот лидер во дводневна посета на Русија

Русија е битен партнер, изјави на почетокот на дводневната посета на земјата авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, во текот на која Карзаи со својот домаќин Дмитри Медведев ќе разговара за билатералната соработка, а особено за заедничките напори во борбата против шверцот а дрога в Централна Азија, пренесува Риа Новости„Русија е голема политичка, економска и воена сила. Во изминативе години нашите билатерални односи значително се зацврстија“, рече Карзаи.Авганистанскиот лидер истакна дека Кабул сака да ја развие економската соработка со Русија и да го привлече рускиот бизнис. Тој го истакна растот на трговската размена помеѓу двете земји, која минатата година достигна околу 500 милиони долари. Карзаи истакна и дека Русија е многу битен партнер во напорите на Авганистан да ја спречи озлогласената трговија со дрога. Производството на дрога во Авганистан драматично порасна откако инвазијата на земјата предводена од САД, ја сруши владата на талибаните во 2011 година, а Русија е една од најпогодените земји од тој процес поради драстичното зголемување на бројот на корисници на хероин. Околу 90 проценти од хероинот кој се конзумира во Русија пристигнува од Авганистан, преку Таџикистан и Узбекистан. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.