Свет
Владата на Тунис ќе плаќа компензации за жртвите, ќе го гони екс-претседателот
Тунис ќе им исплати компензација на семејствата на жртвите малтретирањето од избрканиот авторитарен претседател и ќе испрати свои претставници во другите арапски држави да го гонат, соопшти денеска премиерот Мухамед Гануши, пренесува РојтерсАнтивладините демонстрации продолжија и денеска, на почетокот на тридневната жалост за десетиците луѓе убиени во рушењето на екс-претседателот Зине ал-Абидин Бен Али. Привремената влада, која ја презема власта откако Бен Али избега во Саудиска Арабија минатата недела секојдневно се соочува со нови протести од демонстрантите, кои се бесни поради тоа што членови на старата влада ги задржаа своите министерски места.. Премиерот Гануши, во емотивно телевизиско интервју, се обиде да се дистанцира од Бен Али, тврдејќи дека и тој „живеел во страв како и сите Тунижани“. Тој, исто така, вети дека владата ќе им исплати компензации на семејствата на жртвите од владеењето на Бен Али и дека ќе испрати пратеници во сите арапски држави за да го гонат Бен Али.„Сигурни сме дека арапските лидери ќе застанат на страната на тунискиот народ, бидејќи она што се случи беше вистинска револуција, која не направи горди што сме Тунижани“, рече тој.Новата влада соопшти дека училиштата и универзитети во понеделник повторно ќе бидат отворени, како и дека спортските настани, кои исто така беа суспендирани во текот на немирите, наскоро ќе продолжат да се одржуваат. Владата понуди бланко амнестија на сите политички групи, вклучувајќи ја и забранетата исламистичка опозиција. Некои политички аналитичари тврдат дека умерените исламисти би можеле да привлечат повеќе приврзаници во ерата по заминувањето на бен Али, отколку што сакаат да признаат нивните секуларни ривали. Според владините информации, во неколкуте недели на насилни протести беа убиени најмалку 78 луѓе, додека ОН излезе со бројка од 100 загинати. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Плановите за погребот на кралот Чарлс се сменија по откривањето на ракот: „Тој е навистина, навистина лошо“
Здравствената состојба на кралот Чарлс постепено се влошува, што ги натера претставниците на Бакингемската палата редовно да го ажурираат планот за неговиот погреб, а тие подготовки почнаа еден ден по погребот на кралицата Елизабета, според упатените, пишува Њујорк пост.
75-годишниот монарх остана во голема мера надвор од очите на јавноста од февруари кога објави дека боледува од рак за да ја скрие својата влошена состојба, а повеќе извори за Дејли Бист велат дека неговата состојба е „не добра“.
„Секако дека е решен да го победи ракот и да направи се во таа смисла. Сите остануваат оптимисти, но тој е навистина многу лошо“, изјави за овој медиум извор кој себеси се опишува како стар пријател на кралското семејство.
Кралот Чарлс никогаш не откри каков вид на рак му е дијагностициран, но призна дека тоа не е рак на простата, кој е еден од најлесно излечивите форми на болеста.
Кралското семејство, исто така, беше воздржана за неговиот медицински проблем, но добро поставените инсајдери и политички коментатори јавно зборуваа за тоа како кралот „многу добро реагира“ на лекувањето.
Но, зад сцената, помошниците на кралот Чарлс редовно прегледуваат копии од стотиците страници на документот што ги содржи плановите за погребот на кралот, наречен „Операција Менаи бриџ“.
„Плановите се извадени од фиока и активно се ажурираат. Не повеќе отколку што би очекувале со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак. Но, тие секако се фокусирани на тоа“, изјави за Дејли Бист поранешен соработник.
Исклучително деталниот документ е создаден ден откако кралицата Елизабета беше погребана на 8 септември 2022 година – и го користи погребот на најдолговековната британска кралица како водич за да се осигура дека сè ќе оди без проблеми.
Воените претставници потврдија за Дејли Бист дека операцијата Менаи Бриџ редовно се ажурира, но истакнаа дека тоа е стандардна процедура и би било „апсурдно да се извлечат какви било заклучоци“ од тоа.
Сите членови на кралското семејство ги ажурираа плановите за нивните погреби кои се категоризирани со кодни зборови поврзани со мостови, при што погребниот план на кралицата Елизабета е познат како „Операција Лондон бриџ“.
„Секако дека го разгледуваат секој аспект од „Менаи бриџ“. Погребот на кралицата помина како што се очекуваше и ја подигна границата високо. Тоа не е емотивна работа, тоа е бизнис, многу сериозна, и разбирливо е дека никој не планира да биде фатен неподготвен“, рече висок функционер вклучен во планирањето на кралските погреби.
Друг официјален претставник додаде дека „планирањето за најлошите сценарија е она што го прави Армијата… Мора да го имате на ум обемот на оваа работа. Армиската дивизија, под команда на генерал-мајор Џејмс Баудер – тоа се седум гардиски полкови. Потоа ја имате целата област во Лондон, Територијалните армиски полкови и Кралската артилерија. Тоа е пред да стигнете до морнарицата или воздухопловните сили. Чарлс е тесно поврзан со Падобранскиот полк низ годините, па тие ќе бидат вклучени.
„Тоа е само церемонијален крај“, продолжи тој. „Тогаш ви треба огромна безбедносна операција бидејќи секој многу важен поединец на планетата присуствува на погребот. Зборуваме за сè, од противракетна одбрана до обезбедување од индивидуален напад.
„Целата работа од блесок до експлозија трае помалку од две недели, што значи дека секој аспект треба темелно да се испланира однапред. Сериозното планирање за погребот на Чарлс започна еден ден откако тие ја погребаа кралицата“.
Официјалните лица на кралот Чарлс не одговорија на барањето за коментар од страна на Page Six или Daily Beast.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.