Свет
Берлускони пред нова закана за распад на коалицијата
Надлежната комисија на италијанскиот парламент денеска му зададе силен удар на контроверзниот премиер Силвио Берлускони со тоа што ги блокираше даночните мерки предложени од неговиот коалиционен партнер „Северната лига“, како услов за нивно останување во владата, пренесува ReutersКомисијата од 30 члена, која требаше да донесе одлука за мерките со кои им се дава повеќе моќ во даночната сфера на локалните власти, беше еднакво поделена по ова прашање, со што се создаде застој со потенцијал да ја распадне десно-центар коалицијата и да отвори пат кон предвремени избори. Лидерот на „Северната лига“, Умберто Боси, кој има моќ да ја урне актуелната влада, им вети на своите поддржувачи договор за пакетот мерки со кои се зголемува локалната автономија и се намалуваат субвенциите од богатиот север за сиромашниот југ. Пред да гаса комисијата, тој изјави дека ќе мора да се распишат нови избори ако не се изгласаат мерките кои ги предложи неговата партија, но раководството на партијата е поделено во врска со тоа како да се настапи, поради што и тој подоцна го смири тонот.Формално, одлуката на комисијата не е обврзувачка за парламентот, кој може да изнајде и други начини да ги протурка предложените мерки, кои веќе истрпеа повеќе промени и претставуваат само мал дел од целокупните барања на „Северната лига“ за федерално уредување на Италија.Сепак, резултатите од гласањето на комисијата го покренаа прашањето за тоа уште колку долго Боси ќе остане со Берлускони, со оглед на тоа дека неговата силна база во регионот на Северна Италија му дава можност за уште подобри позиции во некоја нова десно-центар влада. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД со предупредување: Американците веднаш да го напуштат Иран
Американското претставништво за Иран ги повика американските државјани веднаш да ја напуштат земјата, предупредувајќи дека немирите низ земјата продолжуваат да ескалираат.
Во соопштението се наведува дека граѓаните треба да заминат без помош од американската влада, а доколку тоа не е можно, да најдат безбедно место. Се предупредува и на можни прекини на интернетот и се препорачува, доколку е безбедно, напуштање на Иран по копно преку Ерменија или Турција.
Се нагласува дека двојните американско-ирански државјани мора да патуваат со ирански пасоши и дека покажувањето американска патна исправа може да биде доволна причина за притвор.
Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп објави царина од 25 проценти за сите земји што соработуваат со Иран, како одговор на владините мерки за сузбивање на антивладините демонстрации. Иако Трамп постојано се закануваше дека ќе го нападне Иран доколку властите употребат смртоносна сила за сузбивање на протестите, тој исто така изрази подготвеност да ја истражи можноста за дипломатски разговори со Техеран. Извештаите покажуваат дека Трамп бил информиран за неколку опции за дејствување против Иран, освен конвенционалните воени воздушни напади.
Фото: depositphotos
Регион
Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени
Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит.
На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град.
Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е можно.
Иако температурите се над нулата, снегот и понатаму се задржува.
Фото: pexels
Свет
Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина
Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу клучните надворешнополитички и внатрешни прашања. По заедничка средба, тие соопштија дека Словачка повеќе нема да ѝ дава воена помош на Украина, нема да испраќа војници и нема да учествува во плановите на ЕУ, пренесе Актуалити.ск.
„Задачата на тројцата највисоки уставни функционери е да испратат сигнал дека е можно да се води културна политика и култивиран дијалог и дека мора да се најде заеднички пат и заеднички одлуки за доброто на Словачката Република“, изјави претседателот Пелегрини. Тој додаде дека средбата покажала оти можат да разговараат отворено, конструктивно и прагматично за сите прашања.
Според Пелегрини, тројцата се единствени и во оценката за воената кампања на САД во Венецуела, која ја сметаат за грубо кршење на меѓународното право. Потврдена е и согласноста дека Словачка треба да има претставник на разговорите на таканаречената „коалиција на подготвените“, но со непроменет став: земјата нема да ја поддржува Украина воено, нема да испраќа војници и нема да учествува во гаранции за голем заем од Европска комисија.
Сите тројца истакнаа дека Европска Унија е животен простор за Словачка, во кој сака да остане. Сепак, Фицо предупреди дека Унијата никогаш не била во подлабока криза.
„Не би сакал Словачка во оваа криза во ЕУ да трча како ранета и да стане жртва на големи поместувања што можат да се случат во Европа“, рече Фицо. Тој укажа и на распадот на светскиот поредок и на почитувањето на меѓународното право, наведувајќи ја енергетската безбедност како дополнителен предизвик.
Премиерот оцени дека е важно Словачка да настапува суверено во Европа и во светот. „Ги повикувам сите во владејачката коалиција, и покрај внатрешните несогласувања, да се обединиме и да претставуваме храбра и суверена државна политика што ќе ја штити Словачка во овие тешки времиња“, изјави Фицо.
Тој додаде дека разликите во мислењата се можни, но дека кога станува збор за суверенитетот, позицијата и безбедноста на државата, сите мора да „влечат на иста страна“. Доколку опозицијата е подготвена да учествува во таков пристап, ќе биде добредојдена.
Претседателот на парламентот Рихард Раши истакна дека тројцата функционери можат да се договорат за решавање на сериозни надворешнополитички и внатрешни прашања. Тој наведе дека нема суштински проблеми меѓу нив и дека по многу теми имаат слични ставови.
Раши додаде дека разговарале и за функционирањето на Вишеградската група и Славковскиот формат, при што Словачка ќе бара заеднички позиции со тие земји. Како тема било отворено и работењето на парламентот, а Раши потврди дека измените на деловникот мора да бидат прва точка на следната седница.
Фото:Depositphotos

