Свет
Сомалиските пирати убиле четворица грабнати Американци

Американската армија соопшти дека во вторникот пиратите убиле четворица Американци кои беа грабнати со јахта во близина на сомалискиот брег
Како што пренесуваат американските медиуми, вицеадмиралот Марк Фокс изјавил пред новинарите дека американските поморски сили се обидувале да преговараат а ослободување на заложниците кога пиратите без предупредување истрелале ракета од рачен фрлач врз американскиот воен брод. Проектилот го промашил бродот а американските морнари потоа слушнале истрели на палубата од јахтата „SV Quest“.Американските специјалци потоа се качиле на грабнатиот брод и откриле дека пиратите ги застрелале сите четворица заложници. И покрај укажаната прва медицинска помош, сите четворица американски државјани им подлегнале на повредите. Вицеадмиралот Фокс изјавил дека специјалците ја преземале контролата врз јахтата, притоа убивајќи двајца пирати и заробувајќи уште 15, а телата на други двајца убиени пирати биле најдени на бродот. Американската јахта беше грабната во петокот и пиратите ја насочија кон сомалискиот брег, а беше следена од четири американски воени бродови. Според медиумите ова е најверојатно првпат државјани на САД да бидат убиени во некое од се’ почестите грабнувања од страна на сомалиските пирати. Уубиените Американци се идентификувани како сопствениците на јахтата Скот и Џеј Адам од градот Марина дел Реј во Калифорнија, и Филис Мекеј и Боб Риџл од Сиетл од државата Вашингтон.Чртворицата учествувале во меѓународната трка на јахти „Blue Water Rally“ пред да сврти по сопствена рута, а органзиаторите соопштиле дека тие пловеле кон градот Салах во Оман.Портпаролот на Белата куќа Џеј Карнеј изјавил дека во вторникот претседателот Барак Обама одобрил употреба на сила при директна закана за заложниците и дека бил известен за нивното загинување.Според податоците на антипиратската работна група на Европската Унија, во моментов сомалиските пирати во заложништво држат најмалку 32 бродови и речиси 700 заложници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Земјите од Блискиот Исток ми понудија да го средат Хамас, реков – не уште

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неколку блискоисточни земји и држави од поширокиот регион му понудиле да испратат војска во Појасот Газа за, како што рече, да го средат Хамас, доколку организацијата го прекрши договорот постигнат со американската администрација.
„Многу од нашите сојузници на Блискиот Исток со ентузијазам ми порачаа дека би влегле во Газа со силни трупи и би го средиле Хамас ако продолжи да делува лошо. Јас им реков: ‘Не уште!’“, напиша Трамп на платформата „Тру соушал“.
Тој додаде дека сè уште постои надеж Хамас да го исполни договорот, но предупреди дека ако не, крајот на Хамас ќе биде брз, жесток и брутален.
Во објавата Трамп посебно ја спомена Индонезија и нејзиниот одличен лидер за поддршката кон Блискиот Исток и САД.
Изјавата доаѓа во време на кревко примирје во Газа, постигнато со посредство на Египет и Катар, додека Вашингтон преговара со регионалните партнери за стабилизирање на состојбата и можно политичко решение на конфликтот.
Свет
Макрон: Итно да се отворат хуманитарни рути кон Газа

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави во Љубљана дека примирјето во Газа е многу кревко и повика на итно повторно отворање на граничните премини за влез на хуманитарна помош.
„Ова е апсолутно итна состојба. Треба веднаш да се воспостават хуманитарни мостови и рути за да стигнат храна и медицинска помош до населението“, рече Макрон, додавајќи дека е неопходно Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за меѓународна рамка за управување и безбедност во иднина во Газа.
Девет земји од Европската унија, кои граничат со Средоземното Море, побараа од израелската влада да ги отвори премините, вклучувајќи го и „Рафах“, за непречено доставување на хуманитарна помош.
Свет
Криза во Вилнус: спорот околу воениот буџет ја подели литванската влада

Литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиенe ја објави својата намера да поднесе оставка по сериозното несогласување со премиерката Инга Ругињена околу планираниот воен буџет за 2026 година.
„Секако ќе разговарам со претседателот и ќе му ги презентирам моите аргументи“, изјави Шакалиена за националната телевизиска станица ЛРТ. Министерката призна дека нејзиниот тим не го дели целосно ставот на премиерката и дека „операциите не можат да продолжат во услови на недостаток на доверба“.
Според неа, таа формално нема да поднесе оставка додека не се консултира со шефот на државата, но не гледа причина што би можела да ја промени нејзината одлука да ја напушти функцијата.
Конфликтот на врвот на литванската влада избувна откако Министерството за одбрана објави дека буџетот за одбрана во 2026 година ќе изнесува 4,87 проценти од БДП. Премиерката Ругињена потоа најави зголемување на средствата на 5,38 проценти од БДП, со остри критики за работата на воениот оддел под водство на Шакалиена.
Според аналитичарите во Вилнус, овој конфликт ги одразува подлабоките несогласувања во рамките на владејачката коалиција во врска со приоритетите на финансирање на одбранбениот сектор во услови на зголемување на воените трошоци во балтичкиот регион.
Фото: принтскрин