Свет
Најмалку еден загинат при судирите меѓу коптите и муслиманите во Каиро
Најмалку едно лице загина во судирите меѓу коптските христијани и муслиманите во Каиро, соопштуваат официјални лица во Египет, јавува Би Би Си
Најмалку едно лице загина во судирите меѓу коптските христијани и муслиманите во Каиро, соопштуваат официјални лица во Египет, јавува Би Би Си.Репортерите велат дека жртвата е коптски христијанин. Петнаесет лица се повредени.Насилството започнало за време на протестот на коптите против минатонеделното палење на една црква во јужниот дел на Египет. Сведоците велат дека армијата пукала во воздух за да ја разбие толпата.Судирите доаѓаат два месеца откако бомбаш-самоубиец уби 23 луѓе во коптска црква во Александрија.Во јануари, Египќанец беше осуден на смрт поради убиство на шест верници и еден полицаец муслиман во Нага Хамади, јужен Египет.Коптите – кои сочинуваат околу 10 отсто од населението на Египет – честопати се жалеа на малтретирање и дискриминација, и тврдат дека нападите врз нив поминуваат неказнети или со лесни казни.Владата во претежно муслиманската земја негира дискриминација врз Коптите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Инцидент во Келн: 19 ученици повредени во напад со бибер-спреј
Најмалку 19 ученици се повредени денеска во инцидент во образовниот центар „Европа“ во германскиот град Келн, од кои деветмина се хоспитализирани.
Според првичните информации, двајца непознати напаѓачи физички нападнале 16-годишен ученик во училишниот ходник, користејќи бибер-спреј, пренесува германскиот портал „ВДР“.
Потоа, нападнатиот ученик, како што се наведува, во самоодбрана исто така употребил бибер-спреј и ги испрскал напаѓачите, кои побегнале кон излезот од зградата.
Бибер-спрејот се проширил низ училишната зграда и предизвикал повреди кај други ученици. Полицијата соопшти дека најмалку 19 ученици задобиле полесни повреди поради изложеност на спрејот.
Деветмина од нив превентивно биле пренесени во болница поради силна иритација на очите.
Полицијата го запленила бибер-спрејот што го користел 16-годишникот и отвори истрага за предизвикување опасни телесни повреди.
Свет
Опасна фаза на ескалација: Членки на ЕУ тврдат дека Кремљ стои зад серијата саботажи низ Европа
Шефовите на дипломатија на ЕУ в четврток ќе бидат информирани за серијата обиди за саботажа и нарушување на воздушниот простор, за кои соседите на Русија тврдат дека претставуваат многу опасна фаза на ескалација што може да ги загрози цивилите.
Литванскиот министер Кестутис Будрис предупреди дека станува збор за „жешка фаза на ескалација“. Неговите коментари доаѓаат откако Полска утврди дека експлозијата што оштети железнички линии на истокот на земјата била саботажа поддржана од Кремљ. Варшава соопшти дека бил користен воен експлозив C-4, а осомничените двајца украински државјани поврзани со Русија побегнале во Белорусија.
Будрис рече дека ова не е изолиран случај – во Европа се пријавуваат сомнителни дронови, а десетици инциденти се истражуваат како можни обиди за дестабилизација. Тинк-тенкот Globsec пресметал дека од јануари до јули се случиле повеќе од 110 саботажи во Европа, главно во Полска и Франција.
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас порача дека „Русија нè тестира и се обидува да посее страв“. Италија, Литванија и други земји побараа посилна реакција од ЕУ. Министрите в четврток ќе разговараат за нов пакет санкции против Русија и за мерки за одвраќање на Белорусија од хибридни напади.
Свет
Tурција подготвена да разговара со Русија за предлози кои би можеле да го забрзаат прекинот на огнот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека преговорите во Истанбул претставуваат важна пресвртница во постигнувањето мир во руско-украинскиот конфликт и порача дека процесот мора повторно да се активира.
„Веруваме дека би било корисно повторно да се активира истанбулскиот процес со посеопфатна содржина што ќе се занимава со акутните проблеми. Очекуваме сите наши партнери кои сакаат да го запрат крвопролевањето во регионот да покажат конструктивен пристап кон истанбулскиот процес. Веруваме дека истанбулските преговори претставуваат важна пресвртница во напорите за дипломатско решение во време кога разорните последици од војната сè повеќе се продлабочуваат“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Анкара, пренесе ТРТ Хабер.
Според него, продолжувањето на преговорите во Истанбул со посеопфатен и попрагматичен пристап би можело да придонесе за пронаоѓање патишта кон мир во Украина.
Ердоган потсети на хуманитарните резултати од трите рунди преговори што беа одржани во Истанбул и нагласи дека Турција е подготвена да разговара со Русија за предлози кои би можеле да го забрзаат прекинот на огнот и да го отворат патот за праведен и траен мир.

