Свет
Повеќе од илјада загинати во земјотресот во Јапонија
Силниот земјотрес со магнитуда од 8,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северозападниот дел на Јапонија. По првиот потрес за кусо време следуваше уште еден со јачина од 7,9 степени според Рихтер.
Силниот земјотрес со магнитуда од 8,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северозападниот дел на Јапонија. По првиот потрес за кусо време следуваше уште еден со јачина од 7,9 степени според Рихтер. Епицентарот на првиот потрес бил на околу 400 километри североисточно од Токио, на длабочина од 32 километри. Јапонската агенција Кјодо јавува дека за време на земјотресите и цунамито кое следуваше по потресите исчезнале најмалку 88 илјади луѓе, но ова е најверојатно бројка на луѓе со кои не можат да бидат контактирани. Агенцијата Кјодо во еден момент лиферуваше вест дека бројката на исчезнати изнесува 110 илјади, но таа бројка набргу беше корегирана. Кјодо јави дека на брегот на градот Сендаи се откриени повеќе стотици тела. Цунамито потопи брод со стотина патници и однесе патнички воз. Ројтерс и ББЦ, повикувајќи се на официјални полициски извори информираат дека досега загинале 337 лица, а дека се исчезнати повеќе од 500, но агенцијата Кјодо јавува дека во овој момент таа бројка изнесува повеќе од 1.000. Од јапонската Национална метеоролошка служба предупредија дека во рок од еден месец, Јапонија можат да ја погодат уште неколку потреси со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала. Американскиот претседател, Барак Обама вечерва изјави дека во телефонски разговор со јапонскиот премиер, Науто Кан, му понудил секоја помош. „Во моментов имаме еден носач на авиони во Јапонија, а уште еден е на пат кон оваа земја“, рече на прес конференцијата Обама. Помош за Јапонија најавија и Обединетите нации и Светската банка. крај/бл/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

