Свет
Ал Каида повикува на рушење на Гадафи
Ал Каида се вмеша во крвавата граѓанска војна во Либија.
Ал Каида се вмеша во крвавата граѓанска војна во Либија. Абу јахја ел Либи, исламски идеолог и еден од лидерите на Ал Каида, на една исламистичка интернет страница, апелира да им се пружи поддршка на либиските бунтовници. Бунтот мора да продолжи како од власта би бил тргнат Гадафи. Доколку тоа не се случи, рече тој, во Либија ќе продолжи тиранијата и неправдата ќе трае со децении. Моамер Гадафи веќе неколку недели се обидува да го убеди западниот свет дека зад бунтот во неговата земја стои Ал Каида, но никој не верува во неговата „теорија на заговор“. Како што пишува германскиот весник „Билд“, бунтовниците и Ал каида имаат само една заедничка цел: рушење на Гадафи, во се останато нивните интереси се разликуваат. Бунтовниците сакаат демократија, слобода и граѓански права, а Ал Каида исламска држава. Аналитичарите се согласуваат дека радикалниот исламизам нема поддршка во Либија. крај/бл/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.

