Свет
Хемиското оружје во Либија?

Додека последните седмици западните сили се подготвуваа да интервенираат во Либија, сателитите ги насочија на една гаража во пустинската локација јужно од Сирта, каде се наоѓа 10 тонi отров иперит, пишува Washington post
Доколку либискиот лидер одлучи да го употреби, може да убие голем број Либијци, се наведува во текстот, но и се констатираа дека американските научници не веруваат во таков напад.Некои поранешни либиски државници и европски лидери изразуваат загриженост дека непредвидливиот Гадафи може да го употреби тој гас за тероризирање на Бенгази. Таквите изјави ја натераа Организацијата за забрана на хемиското оружје која дејствува во рамките на ОН и која го надгледува либиското доброволно уништување на бојните отрови, да бара од Триполи гаранција за своите залихи да ги држи безбедно и да не ги користи. Споменатата локација внимателно се набљудува, а се подготвувале и воени планови за уништување на залихите, ако биде неопходно. До 15 март, Либија сама требаше да ги уништи залихите кои се наоѓаат 210 километри јужно од Сирта. Тој процес беше запрен поради проблем во системот за ладење во мобилната хемиска фабрика, сместена покрај гаражата каде се наоѓа империтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Вилер: Британскиот вид коронавирус наскоро ќе биде доминантен во Германија

Директорот на германскиот институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер, денес изјави дека многу позаразниот вид на коронавирус, кој за прв пат беше забележан во Велика Британија, наскоро може да стане доминантен вид во Германија, што ќе ја забави борбата против ширењето вирусот.
Тој рече дека со таканаречениот британски вид на коронавирус, Б117, во моментов се заразиле 40 отсто од заболенитете во Германија, и дека само пред четири недели, тој процент бил шест отсто, пренесува „Ројтерс“.
„Се предвидува дека Б117 наскоро ќе биде доминантна варијанта во Германија, а потоа ќе биде уште потешко да се држи вирусот под контрола, бидејќи е заразен и подеднакво опасен за сите возрасни групи“, рече Вилер.
Европа
Орбан: Почнува последната фаза од борбата против пандемијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека последната фаза од војната против коронавирусот започнува со двонеделното заклучување на земјата, кое започнува во понеделник, на 8 март.
Тој за унгарското радио „Кошут“ изјави дека владата нема друг избор откако експертите предупредуваат на катастрофални последици доколку не биде донесена ваква одлука, пренесува МТИ.
„Мораме да се затвориме сега, за да се отвориме до Велигден“, рече Орбан.
Свет
Полицијата во Мјанмар уби уште еден демонстрант

Полицијата во Мјанмар денес отвори оган врз демонстрантите во Мандалај и уби еден човек, а голем број луѓе повторно се собраа во Јангон, Патеин и другите градови во знак на протест поради државниот удар со кој војската ја презеде власта на 1 февруари, пренесува „Ројтерс“.
Неколку илјади луѓе мирно маршираа денес во Мандалај кога полицијата отвори оган за да ги разбие демонстрантите и еден човек беше застрелан во грло, потврдија сведоците за агенцијата.
„Мислам дека има околу 25 години, но сè уште чекаме потврда од членовите на семејството“, рече докторот кој ја прегледал жртвата.
Во Јангон полицијата истрела гумени куршуми и шок-бомби за да ги растера демонстрантите на кои им се придружија околу 100 лекари во бели мантили.
„Ројтерс“ известува дека високата комесарка за човекови права при ООН, Мишел Башелет, побарала од полицијата да престане со акцијата против мирните демонстранти и изјавила дека се уапсени повеќе од 1.700 лица, вклучувајќи 29 новинари.
Министерот за надворешни работи на Сингапур, Вивијан Балакришнан, употребата на оружје против демонстрантите во Мјанмар ја нарече национална срамота и побара од армијата да постигне мирно решение на кризата, наведува агенцијата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер