Свет
Се преврте брод со 200 имигранти во близина на Италија

Брод со околу 200 лица, најверојатно имигранти од Тунис, доцна синоќа го зафати невреме на околу 70 километри од италијанскиот остров Лампедуза, јави италијанската крајбрежна стража и додава дека околу 150 лица засега се водат како исчезнати.
Брод со околу 200 лица, најверојатно имигранти од Тунис, доцна синоќа го зафати невреме на околу 70 километри од италијанскиот остров Лампедуза, јави италијанската крајбрежна стража и додава дека околу 150 лица засега се водат како исчезнати. Бродот во текот на ноќта повикал помош од капетанијата, која пристигнала околу четири часот наутро. Италијанските службеници велат дека несреќата се случила во малтешките води, но малтешката морнарицата не можела да интервенира и повикала помош од италијанската крајбрежна стража. Поради невремето, високите бранови и паниката меѓу патниците бродот се навалил настрана со што лицата почнале да паѓаат во водата, се вели во соопштението од италијанските власти. Од таму додаваат дека од настраданиот брод, кој најверојатно патувал од Тунис, успеале да спасат 48 лица, а 150 се водат како исчезнати. За настраданите патници сè уште се трага во тешки временски услови. Италијанските власти за помош пратија три глисери, авион и хеликоптер, а им се придружи и еден рибарски брод од Сицилија, како и авион од Малта. Во Италија од почетокот на годината пристигнаа повеќе од 22.000 имигранти, главно од Тунис како последица од случувањата во Африка. Последните неколку недели околу 2.000 африкански бегалци, главно од Сомалија и Еритреја, пристигнаа во Италија од Либија. /крај/бета/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија без оглед на, како што изјави, заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Коментирајќи го говорот на Зеленски на состанокот на амбасадорите претходниот ден, Сијарто на прес-конференцијата рече дека украинскиот претседател одржува „непријателски став кон Унгарија, и унгарската нација“, пренесува МТИ.
„Јасно е дека тој се однесува кон Унгарија и Унгарците како кон непријатели“, рече Сијарто.
Регион
(Видео) Голем пожар во Грција: наредена итна евакуација

Поради големиот шумски пожар што избувна денес во Грција, властите на таа земја наредија евакуација на неколку села западно од Атина, објави противпожарната служба, пренесуваат медиумите во регионот.
Повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери се вклучени во гаснењето на шумскиот пожар што ја зафати боровата шума во планините во близина на Коринт, пренесува АП.
Massive fire in Corinthia Greece . Villages evacuted.
Seen firefighters battle major blaze today.
115 firefighters including three commandos unit, with 25 aircraft assisting . pic.twitter.com/5X4DECwXUp— Samiran Datta (@SamiranDatta5) July 22, 2025
Временските услови се особено тешки за пожарникарите, со оглед на тоа што Грција беше погодена од топлотен бран што донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.
Порано денес, противпожарен хеликоптер се урна во морето и потона додека се обидуваше да се наполни со вода за да се справи со друг пожар во близина на Атина.
Тројца членови на екипажот на хеликоптерот беа спасени и однесени во болница, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Почина Ози Озборн: легендата на хеви металот и фронтмен на групата Блек Сабат

Британската хеви метал легенда Ози Озборн, фронтмен на бендот Блек Сабат, почина на 76-годишна возраст, соопшти денес неговото семејство.
„Со неопислива тага мораме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше опкружен со семејство и љубов“, напишаа неговата сопруга Шерон и децата, објавија медиумите.
Пејачот, кој го доби прекарот „Принц на темнината“, страдаше од Паркинсонова болест неколку години.
Озборн, чие вистинско име беше Џон Мајкл Осборн, беше вокалист на хеви метал бендот „Блек Сабат“ по заминувањето на големиот Рони Џејмс Дио, тогаш популарен соло музичар.
Од 2002 година, тој е ѕвезда на реалното шоу „Озборнови“, кое прикажува секојдневни сцени од животот на неговото семејство.
Фото: принтскрин