Свет
Пакистанската армија ќе ја ревидира соработката со САД

Пакистанската армија се закани дека ќе ја ревидира соработката со САД ако Американците извршат само уште еден напад како оној во кој беше убиен Осама бин Ладен, јавува Reuters
Пакистанската армија се закани дека ќе ја ревидира соработката со САД ако Американците извршат само уште еден напад како оној во кој беше убиен Осама бин Ладен, јавува Reuters„Армијата јасно порачува дека каква било операција слична на последната, со која ќе се наруши суверенитетот на Пакистан ќе гарантира ревизија на нивото на воена и разузнавачка соработка со САД“, се вели во соопштението на армијата, потпишано од Началникот на генералштабот, генерал Ашфак Кајани. Ова е прв јавен коментар од армијата по нападот од 2-ри мај, во кој беше убиен бин Ладен. Армијата соопшти и дека ќе спроведе истрага за пропустите во разузнавањето кои доведоа до тоа најбараниот терорист на светот непречено да живее во Пакистан најмалку пет години. /крај/reuters/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Пукање во Чикаго: има загинати и повредени

Повеќе лица биле застрелани на забава за промоција на албум во Чикаго, пренесуваат медиумите во регионот.
Извештаите што кружат на социјалните мрежи велат дека луѓе биле застрелани во ресторан и салон на авенијата Вест Чикаго во населбата Ривер Норт за време на забавата за раперот Мел Бакз.
Wild West of some kind.
Chicago, Illinois.
12 people were shot in an intense shooting at a nightclub between Chicago and Franklin Avenues. pic.twitter.com/dnCJXpDcWX— Argonaut (@FapeFop90614) July 3, 2025
Најмалку три лица се убиени, а 16 се повредени, објави CBS, повикувајќи се на локалните власти.
Службеник на градот изјави дека 19 лица биле застрелани во автомобили, од кои тројца биле смртно застрелани, според извештајот.
Портпаролот на полициската управа во Чикаго, Хулио Гарсија, изјави дека дополнителни информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни, но не го прецизираше бројот на повредени или точната локација на инцидентот, објави Ројтерс.
Портпаролот на медицинската болница Нортвестерн, Крис Кинг, потврди дека одделот за итни случаи ја проценува состојбата на неколку повредени, но не можеше да го прецизира точниот број на лица примени на лекување или нивната моментална здравствена состојба.
Европа
Анкета: Германците сакаат да го укинат пиењето под надзор кај тинејџерите

Мнозинството Германци сакаат построги закони за заштита на младите од алкохол, вклучително и елиминација на контролираната консумација, што им овозможува на 14-годишниците да нарачаат пиво во бар ако се во придружба на законски старател, покажува анкета објавена денес.
Резултатите од анкетата на Форса, нарачана од компанијата за здравствено осигурување Kaufmännische Krankenkasse (KKH), покажуваат дека 65 проценти од Германците ја поддржуваат забраната за контролирана консумација на алкохол од страна на малолетници. Според сегашниот закон, на тинејџерите им е дозволено да купуваат и консумираат пиво, вино и пијалоци на база на вино на јавно место ако се во придружба на старател.
Тесно мнозинство од 52 проценти од испитаниците, исто така, сакаат да се зголеми законската возраст за купување и консумирање алкохол од 16 на 18 години. Анкетата, спроведена во јуни, опфати 1.004 испитаници од цела Германија на возраст меѓу 18 и 70 години.
Забраната за „контролирано“ пиење ја застапуваат и покраинските министри за здравство, а ја поддржува и федералната министерка за здравство Нина Варкен. Алкохолот е значаен проблем за децата и тинејџерите, изјави Катарина Шенк, министерка за здравство во источногерманската покраина Тирингија и претседателка на Конференцијата на министри за здравство.
Медицинските здруженија долго време апелираат до креаторите на здравствени политики да вложат поголеми напори за намалување на потрошувачката на алкохол во Германија. Германското здружение за исхрана препорачува целосно апстиненција од алкохолни пијалоци, наведувајќи дека „не постои безбедно ниво на потрошувачка“.
„Колку порано младите луѓе почнуваат да пијат, толку се поголеми здравствените ризици“, вели психологот на KKH, Франциска Клем.
Покрај краткорочните последици како што се несреќи, повреди и насилство, алкохолот го зголемува и ризикот од рак, кардиоваскуларни заболувања и заболувања на црниот дроб. Алкохолот е особено штетен за адолесцентите бидејќи нивните тела сè уште се во развој и затоа се почувствителни на неговите токсични ефекти, објавува агенцијата дпа.
Свет
НАСА откри нова планета со можни услови за живеење

Со помош на телескопот „Џејмс Веб“, НАСА ја откри планетата TWA 7b, оддалечена 34 светлосни години, која има речиси 100 пати поголема маса од Земјата и се наоѓа во потенцијално погодна зона за живеење.
Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од приближно 49 Целзиусови степени, што се вклопува во температурниот опсег во кој може да преживеат живите организми.
Планетата орбитира околу младата црвена џуџеста ѕвезда TWA 7, опкружена со диск од прашина, објавува „Еј-би-си њуз“.
Ова е прво директно снимање на планетата од телескопот „Веб“ користејќи техника со висок контраст, што овозможува набљудување на бледи објекти покрај светли ѕвезди.
Откритието потврдува дека телескопот може да пронајде и планети со мала маса во близина на ѕвездите и дава нови сознанија за потеклото и структурата на планетарните системи, објавува „Танјуг“.