Свет
Корпорацијата „Локид Мартин“ нападната од хакери
Корпорацијата „Локид Мартин“, најголемиот производител на воена опрема на светот бил цел на, како што велат, значителен и злонамерен“ хакерски напад
Корпорацијата „Локид Мартин“, најголемиот производител на воена опрема на светот бил цел на, како што велат, значителен и злонамерен“ хакерски нападОд корпорацијата, која е и најголема компанија за авиони во светот и најголем снабдувач на владата на САД со информациска технологија, соопштија дека вчера успеале да одбијат кибернетски напад, но не дадоа други детали.Ниту еден клиент, ниту пак податоците за вработените во програмите на компанијата не биле компромитирани во нападот, затоа што биле преземени заштитни мерки веднаш штом бил откриен нападот на 21-ви мај. Ниту владата на САД, ниту корпорацијата не соопштуваат од каде потекнал нападот, а неколку експерти ангажирани од компанијата тврдат дека се целосно немоќни да го утврдат местото на потеклото на нападот. Сепак, некои експерти велат дека последниот напад само ја истакнува чувствителноста на американските безбедносни служби во поглед на нивните дигитални содржини. „Мислам дека ова ни кажува дека Одделот за домашна безбедност на САД не се многу свесни за тоа што се случува“, вели Ануп Гош, научник кој порано бил вработен во Пентагон, во Агенцијата за напредни одбранбени проекти за истражување, која работела на обезбедување на воените мрежи.Гош, кој сега има сопствена фирма за компјутерска безбедност, вели дека од почетокот на 2011 година имало цела низа на упади кај производителите на воена опрема, кај безбедносните компании и во лабораториите на владата на САД.Постојат наводи дека во 2009 година хакери успеале да влезат во компјутерите со податоци за програмата на „Локид Мартин“ за борбениот авион „Ф-35“, вредна преку 380 милијарди долари. Вилијам Лин, заменик-секретар за одбрана на САД, минатата година во списанието Foreign Affairs напиша дека повеќе од 100 странски организации се обидуваат да се пробијат во мрежните системи на САД. Некои од нив, напиша тогаш Лин, веќе имаат капацитет да ја попречуваат информациската структура на САД. „Локид Мартин“ со децении е цел на бројни анти-воени протести, поради фактот дека произведува голем број на оружја кои се употребуваат во воените операции, особено во воздухопловството. /крај/aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.