Свет
Сириски бегалци се враќаат во Џиср ал-Шугур
„Голем број жители“ на сирискиот град Џиср ал-Шугур, кој се наоѓа на границата со Турција, почнаа се враќаат во нивните домови, се вели во соопштението од вторникот издадено од сириската воена команда
Животот во градот во којшто од саботата се спроведува воена операција, постепено се враќа во нормала. Градот Џиср ал-Шугур, како што се наведува во армиското соопштение што го цитираат локалните медиуми, „ е ослободен од вооружените терористички групи, и во него е воспоставена безбедноста и мирот“.Претходно изминативе денови, според сириските власти, вооружени милитанти го зазедоа градот со 50 илјади жители, при што загинале повеќе од 120 полицајци и војници. Минатата недела сириската армија успеа да ја поврати контролата над градот, а опозициските претставници тврдат дека извршила заземање на градот при што биле упасени стотици демонстранти. Според официјален Дамаск, војската и безбедносните сили продолжуваат со гонењето на милитантите „кои не се заробени или ликвидирани“ во областа во близина на Џиср ал-Шугур, со што „му се овозможува на населението да се врати во своите домови, кои претходно ги напушти за да си го спаси животот, од чиновите на вандализам и заплашувањето од страна на вооружени терористички групи“, се вели во соопштението на војската на Сирија. Според Обединетите нации, пак, повеќе од 8.500 бегалци од северниот дел на Сирија беа принудени да се засолнат во соседна Турција бегајќуи пред репресијата на сирискит ебезбедносни сили, каде што се сместени во кампови од шатори во самата пограничната зона во јужната провинција Хатаи. Од пред три месеца откако почнаа протестите во Сирија, загинале повеќе од 1.300 цивили и повеќе од 300 војници и полицајци. Сириските власти за безредијата обвинуваат вооружени групи за кои тврдат дека се дојдени од надвор.Претседателот Башар ал-Асад дојде на власт по смртта на неговиот татко во 2000 година, а по избувнувањето на протестите понуди некои отстапки како што е укинување на вонредната состојба во земјата којашто беше на сила 48 години, како и поведување национален дијалог, но тоа демонстрантите го одбија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

