Свет
На планините во Австрија 20 сантиметри снег
Во Австрија, поточно на планините каде се наоѓаат познатите скијачки центри, падна снег чија висина достигна 20 сантиметри, а полицијата воведе задолжителна употреба на зимска опрема.
Во Австрија, поточно на планините каде се наоѓаат познатите скијачки центри, падна снег чија висина достигна 20 сантиметри, а полицијата воведе задолжителна употреба на зимска опрема.На планините во покраините Корушка, Салцбург и Штаерска, каде се наоѓаат познатите скијалишта, падна повеќе сантиметри снег, па така на планинскиот врв Сонблик вчера снежната покривка достигна висина од 20 сантиметри.Според податоците на полицијата на местата Турахерхе, Нокалм и Гросглокнерхалпенштрасе, сообраќајниците се чистеа со зимска механизација и воведена е задолжително возење со ланци.„Нашата станица за мерење на Филахер Алпен во просек на секои две години регистрира во јули снежна покривка“ – пренесе Пол Рајнер од метеоролошкиот завод во Клагенфурт.Инаку последен пат снег падна во јули 2007 година, додека во 2004 година забележана е рекордна висина од 16 сантиметри снежна покривка.Во покраината Салцбург заладувањето во неделата ноќта донесе снег на висина од 1 600 метри, а температурата падна на девет степени.Експертите во Салцбург истакнуваат дека не е необично кога на кратко летно време паѓа снег на планините, но необично е волку долга студена фаза./крај/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

