Свет
Маса од 40 илјади луѓе се упатија кон Могадишу во потрага по храна

Бегајќи од гладот околу 40 илјади луѓе тргнуваат кон сомалиската престолнина Могадишу во потрага по храна и вода од почетокот на јули, соопшти во вторникот портпаролката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНФЦР).
Бегајќи од гладот околу 40 илјади луѓе тргнуваат кон сомалиската престолнина Могадишу во потрага по храна и вода од почетокот на јули, соопшти во вторникот портпаролката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНФЦР).„Други 30 илјади луѓе стигнаа во камповите оддалечени 50 километри од центарот на главниот град“, изјави Вивен Тан, портпаролката на УНХЦР на прес-конференцијата во Женева.Тан оцени дека најмалку 100 илјади луѓе стигнале во Могадишу последните два месеца, бегајќи пред недостигот од храна, Хуманитарните здруженија проценуваат дека илјадници луѓе секојдневно дека и во главниот град на Сомалија резервите од храна веќе се исцрпени. Поради тоа, како што се наведува од страна на хуманитарната организација на Обединетите нации, се создаваат големи немири и кражби на храната. Според тоа, најслабите и најчувствителните групи од погоденото население остануваат без основните животни продукти. Сушата на Рогот од Африка, најголемата во последните шест децении, веќе однесе десетици илјади животи и им се заканува на 12 милиони луѓе во Сомалија, Кенија, Етиопија, Џибути, Судан и Уганда.Особено е тешка ситуацијата во Сомалија, каде Обединетите нации прогласија глад во две покраини на југот од земјата, кои се под контрола на исламистичките бунтовници од движењето ал-Шебаб. Бунтовниците им го забрануваат пристапот на некои од хуманитарните организации кои се обидуваат да достават помош до тамошното население. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална Москва не одговорила на понудата.
„Понудата на Украина за прекин на непријателствата и воспоставување прекин на огнот од најмалку 30 дена останува на сила. Ние не го повлекуваме овој предлог, кој би можел да ѝ даде шанса на дипломатијата“, рече Зеленски во редовното вечерно обраќање на платформата Икс.
Тој додаде дека „апсолутно е фер што руското небо, небото на агресорот, денес не е мирно“, признавајќи дека Украина извршува напади со беспилотни летала врз цели на територијата на Руската Федерација, според Ројтерс.
Зеленски зборуваше неколку часа пред да стапи во сила тридневниот прекин на огнот предложен од Русија за одбележување на годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Свет
Црн чад излезе од оџакот на Систинската капела, новиот папа се’ уште не е избран

Над Систинската капела вечерва се појави црн чад, што значи дека при првото гласање на кардиналите на конклавата не беше избран нов папа, наследник на папата Франциско кој почина на 21 април.
Црниот чад не е изненадување бидејќи папата со векови не е избран во првиот круг. Во наредните денови кардиналите можат да гласаат четири пати на ден, двапати наутро и двапати попладне.
Најдобри изгледи за избор на оваа конклава, според аналитичарите имаат италијанскиот кардинал Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле.
Кардиналите сега ќе се вратат во резиденцијата Санта Марта, каде што ќе останат во изолација до утре, кога почнува вториот ден од гласањето.
Свет
Украина има нов моќен дрон

Украина претстави еден од своите најнови и најмоќни ударни беспилотни летала, UAC FP-1, кој може да лета до 1.600 километри и да носи боева глава тешка дури 113 килограми. Ова го прави значително помоќен од претходниот модел PD-1, произведен пред неколку години, кој има домет до 1.000 километри и кој веројатно носи многу полесен товар, пишува Форбс.
Компанијата UAC, заеднички украинско-чешки проект, вложи многу напор за подобрување на деталите за FP-1 да има поголем домет и носивост. Најголемата разлика во споредба со постарите дронови е тоа што нема подвозје. За разлика од PD-1, кој полетува на тркала, FP-1 се лансира од рампа под агол, користејќи ракетен потисок од трупот.
Дронот беше официјално претставен во јавноста за прв пат на неодамнешниот саем во Киев, но се произведува од минатата година и веќе се користи во борба.
Украина се повеќе се потпира на сопствените ударни беспилотни летала, кои редовно напаѓаат цели како што се воздушните бази и рафинерии длабоко во руската територија.
FP-1 се проценува на повеќе од 100.000 долари.