Свет
Кинезите се евакуираат пред тајфунот „Муифа“
Повеќе од 280.000 жители на крајбрежјето во источна Кина се евакуирани по метеоролошката најава за разорниот тајфун „Муифа“ кој веќе ги зафати Филипини и Јапонија, оставајќи зад себе пустош, ранети и загинати.
Повеќе од 280.000 жители на крајбрежјето во источна Кина се евакуирани по метеоролошката најава за разорниот тајфун „Муифа“ кој веќе ги зафати Филипини и Јапонија, оставајќи зад себе пустош, ранети и загинати.
Во очекување на големата временска непогода која се прогнозира за утре во периодот меѓу утрото и доцна попладнето, илјадници капетани на бродови се предупредени што побрзо да дојдат до брегот и да ги остават пловилата на безбедно, бидејќи бранот во Источното кинеско море би можел да достигне 11 метри.
Во провинцијата Џеџанг се евакуирани 206.664 жители, а уште 80.400 во Фуџијан. Според најавите на централната метеоролошка служба, тајфунот ќе биде најжесток во северниот дел на Џенџанг.
Ударите на тајфунот „Муифа“ достигнуваат повеќе од 160 километри на час, а се предвидува ветерот дополнително да се засили на патот до кинескиот брег.
Тајфунот ќе донесе силен дожд и делумно ќе го зафати Шангај со околината, каде живеат околу 23 милиони луѓе. Населението е предупредено да не ги напушта куќите, 537 лица се евакуирани од крајбрежјата, но се уште не е најјасно дали епицентарот на бурата ќе го погоди овој град.
Летовите према Шангај се откажани, а железничкиот сообраќај е подготвен за промена на редот на возење.
Сите случувања за викендот се откажани, а американската влада ги предупреди своите граѓани кои се наоѓаат во Кина да си обезбедат резерви со вода, храна и готовина.
Претходниот разорен тајфун „Матса“ од 2005 година усмрти петмина Шангајци, од вкупно 19 лица кои настрадаа во Кина.
Пред неколку дена тајфунот „Муифа“ усмрти четири лица на Филипините, а вчера во Јапонија беа повредени 27 лица беше предизвикан прекин со снабдување со електрична енергија. Повеќе од 60.000 куќи на островот Окинава се напуштени поради поплави. По Кина, според најавите, бурата во вторник ќе ја зафати Северна Кореја./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.