Контакт

Свет

Гадафи успеал да им побегне на бунтовниците

Објавено пред

Водачот на Либиската револуција од пред 40 години, полковникот Моамер ел-Гадафи е жив и сé уште се наоѓа во Триполи, каде што вчера за малку ќе бил уапсен од „специјалните сили“ на бунтовниците, пишува денеска францускиот магазин Paris Match.

dobivaj vesti na viber

Водачот на Либиската револуција од пред 40 години, полковникот Моамер ел-Гадафи е жив и сé уште се наоѓа во Триполи, каде што вчера за малку ќе бил уапсен од „специјалните сили“ на бунтовниците, пишува денеска францускиот магазин Paris Match. Весникот пишува дека во средата околу 10 часот по локално време, службата за безбедност на бунтовниците добила „врвна информација“од доверлив извор – каде се наоѓа Моамер ел-Гадафи по кого трагаат востаничките сили.Целта на преземената операцијата била една според ништо незабележителна куќа во центарот на Триполи, во којашто лидерот на Либиската Џамахирија ја минал ноќта меѓу вторникот и средата.Меѓутоа, кога одредот од бунтовничките „командоси“ упаднале во куќата, Гадафи веќе не бил таму. Притоа, според трагите било недвосмислено утврдено дека полковникот неодамна престојувал во таа куќа. За какви траги конкретно станува збор, не се наведува во информацијата.Претходно во средата беше објавено дека Моамер ел-Гадафи наводно тајно престојувал во Триполи, и заклучил дека ситуацијата во Триполи не е опасна. „Јас не почувствував дека Триполи е во опасност“, ги цитира Reuters зборовите од аудио пораката на Гадафи.Малку порано, Преодниот национален совет (PNC) на Либија понуди награда од 1,7 милиони долари (два милиона либиски динари) за Моамер ел-Гадафи – жив или мртов.Претходно денеска британскиот весник Daily Telegraph повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана објави дека британските специјални сили учествуваат во операција за лоцирање и апсење на Гадафи на територијата на Либија себе. Според весникот, откако за главата на Гадафи беше понудена наградата од 1,7 милиони долари „„војници од 22-от полк на британските Специјална воздушни сили добиле наредба од премиерот Дејвид Камерон, да го преземат врз себе раководењето со бунтовничките сили кои се во потрага по Гадафи“./крај/пм/дт/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Пленковиќ: Украина не смее да потпише предавање на територија на Русија

Објавено пред

Од

Украина не смее да стави „ни капка мастило“ на документ со кој законски би отстапила нејзина територија на Русија, изјави премиерот Андреј Пленковиќ во Давос, објави Индекс.хр.

dobivaj vesti na viber

На Светскиот економски форум (WEF) во швајцарскиот алпски град, премиерот на Хрватска учествуваше на панел за Украина заедно со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, финскиот претседател Александар Стаб, холандскиот премиер Дик Шуф ​​и латвискиот претседател Едгарс Ринкевич.

За време на дискусијата, Пленковиќ нагласи дека Хрватска спаѓа во групата земји кои се „јасно проукраински во однос на солидарноста и поддршката“.

„Ова произлегува од нашето сопствено искуство. Поради големосрпската агресија на почетокот на 1990-тите, Хрватска во еден момент имаше и 27 проценти од својата окупирана територија“, рече тој, додавајќи дека Украина сега е на 19,5 проценти.

Пленковиќ нагласи дека сите мировни договори имаат два аспекта, моментот и контекстот во кој се потпишани и нивните последици во иднина.

Во овој поглед, Пленковиќ нагласи дека Украина „не треба да стави ниту капка мастило на документ со што de iure би ја предала“ својата територија.

„Ова е од клучно значење за Украина, но и за да се спречи преседан што би ја загрозил стабилноста на меѓународниот систем, правото и односите во иднина“, рече тој.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Будимпешта му порачува на Брисел: Не сметајте на нас

Објавено пред

Унгарија јасно објави дека нема да биде поддршка за финансирање на Украина, повикувајќи ги и Европската Унија и Украина да не сметаат на Будимпешта кога станува збор за доделување средства за Киев.

dobivaj vesti na viber

Како што изјави Золтан Ковач, државен секретар за меѓународни комуникации и односи во кабинетот на унгарскиот премиер, барањата што доаѓаат од Брисел и Киев се, како што изјави тој, „скандалозни“.

„Украина бара од нас 800 милијарди долари, а Брисел сака да ги земе тие пари од унгарските семејства. Ние испраќаме јасен сигнал до Брисел и Киев: не сметајте на нас. Унгарските пари ѝ припаѓаат на Унгарија“, рече Ковач во видео обраќање објавено на социјалната мрежа „Икс“.

Овој став произлегува од претходните изјави на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој на 5 јануари, на прес-конференција, објави дека Будимпешта нема намера да ја финансира Украина ниту да го поддржи продолжувањето на вооружениот конфликт во 2026 година.

Во тоа време, Орбан го критикуваше и таканаречениот мировен план од 20 точки за Украина, кој предвидува „глобален пакет“ помош и создавање фондови со вкупна вредност од 800 милијарди долари за обнова на земјата, нагласувајќи дека Унгарија нема да учествува во такви аранжмани.

Прикажи повеќе...

Свет

Брисел: Европа не е во војна со Русија, не можеме да го конфискуваме нејзиниот имот

Објавено пред

Европа не е во војна со Русија и не може само да ги конфискува нејзините средства, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер во Давос, одговарајќи на прашање за замрзнатите суверени средства на Русија.

dobivaj vesti na viber

„Ние не сме во војна со Русија. Европа не е во војна со Русија. Не можете едноставно да конфискувате пари. Тоа е воен чин“, рече Вевер.

Во исто време, де Вевер е убеден дека „на крајот, руските средства ќе бидат потрошени за обнова на Украина“.

„Би бил многу тажен ако барем едно евро од овие пари се врати во Москва“, заклучи тој.

Според него, прашањето за рускиот имот ќе биде покренато за време на мировните преговори за Украина.

„Кога ќе се постигне мировен договор, имотот ќе биде на преговарачката маса“, рече функционерот.

Минатата година, Европската комисија бараше согласност од земјите-членки на ЕУ да ги користи руските суверени средства за поддршка на Киев. Разгледувани се износи од 185 до 210 милијарди евра кредити, кои Украина би била условно обврзана да ги врати по завршувањето на конфликтот и во случај „Москва да плати материјална штета“. Сепак, не е донесена никаква одлука.

Како што изјави белгискиот премиер Барт де Вевер по самитот во Брисел на крајот од минатата година, сите земји од ЕУ препознаа дека конфискацијата на рускиот имот би претставувала финансиски и правни ризици со кои е тешко да се управува, пренесува Спутник.

Во меѓувреме, Кремљ претходно предупреди дека конфискацијата на рускиот имот, доколку се спроведе, нема да остане без одговор и дека ваквите чекори би имале многу сериозни последици. За време на годишната прес-конференција, рускиот претседател Владимир Путин ја нарече идејата за конфискација на рускиот имот грабеж и предупреди дека тоа може да доведе до директни загуби поврзани со основните темели на современиот светски финансиски поредок.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија3 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија3 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет4 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет5 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион5 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет5 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет5 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија6 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија6 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет15 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија21 час

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија23 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија23 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија23 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија1 ден

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија1 ден

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ1 ден

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија1 ден

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...