Свет
Гадафи и натаму се крие, привремената влада во Триполи

Привремената влада на Либија, Преодниот национален совет кој од почетокот на бунтот беше сместен во Бенгази, ноќеска е префрлен во Триполи, соопшти потпретседателот на советот, Али Тахуни.
Привремената влада на Либија, Преодниот национален совет кој од почетокот на бунтот беше сместен во Бенгази, ноќеска е префрлен во Триполи, соопшти потпретседателот на советот, Али Тахуни.Осум високи функционери пристигнаа изутрината во Триполи, каде што ќе работат на подготовките околу политичката транзиција во државата, изјави еден од портпаролите на советот, Махмуд Шамарм.Во самата престолнина и натаму се водат борби, во кои силите на Моамер Гадафи на одделни локации во градот и натаму пружаат отпор. Сепак, поголем дел од Триполи е под контрола на бунтовниците.И покрај опсежната потрага, Гадафи сеуште успешно се крие и повикува на отпор. Тој синоќа преку телевизијата ги повика граѓаните да ги уништат бунтовниците, кои ја презедоа контролата на поголемиот дел од Триполи.Советот за безбедност синоќа одобри одмрзнување на 1,5 милијарди долари либиски средства, пари што ќе им бидат ставени на располагање на бунтовниците во обновата на државата. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.