Свет
Карлос Шакал осуден на доживотен затвор
Париз, 16.12.2011 (Макфакс) – Симболот на левичарскиот тероризам, Карлос Шакал, од страна на францускиот суд е осуден на доживотна затворска казна, поради бомбашките напади во Франција, кога пред три децении загинаа 11 лица.
Симболот на левичарскиот тероризам, Карлос Шакал, од страна на францускиот суд е осуден на доживотна затворска казна, поради бомбашките напади во Франција, кога пред три децении загинаа 11 лица. Карлос Шакал, кој по потекло од Венецуела, веќе 20 години се наоѓа во француски затвор каде ја отслужува доживотната затворска казна поради убиство на двајца полицајци во Париз во 1975 година. Посебен суд во Париз го осуди Шакал на дополнителна доживотна затворска казна, а во пресудата се наведува дека мора да одлежи најмалку 18 години во затвор. Оваа пресуда значи дека Карлос Шакал не може да бара пуштање на условна слобода, уште долга низа на години, бидејќи според претходната казна, познатиот терорист можеше да побара предвремено пуштање во 2012 година. Карлос е обвинет дека во Франција организирал четири одвоени напади во 1982 и 1983 година, во нападите загинаа 1, а беа ранети 200 лица. Сега 62-годишниот терорист е уапсен во 1994 година во Картум. Пред 30 години Карлос Шакал беше симбол на милитантната марксистичка борба против капиталистичките институции. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и кичмата.
Таа била итно префрлена во КЦ Ниш на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница каде е во тек понатамошна дијагностика, додека другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.