Свет
Балканска женска мафија во Шпанија

Шпанската полиција уапсила пет хрватски државјанки осомничени дека извршиле серија разбојништва и кражби во Шпанија, известуваат хрватските медиуми. Најчести жртви на женската мафија биле богати, осамени старци.
Шпанската полиција уапсила пет хрватски државјанки осомничени дека извршиле серија разбојништва и кражби во Шпанија, известуваат хрватските медиуми. Најчести жртви на женската мафија биле богати, осамени старци. Членови на “Балканската женска мафија” биле 34 годишната Сабина А. и Роберта Б. Каталонските полицајци ги привеле под сомнение дека на подрачјето на Барселона извршиле серија грабежи од кои за пет веќе има цврсти докази. Жртвите со недели ги следеле, ги учеле нивните навики, и така го развивале планот за напад. Постари мажи ги заведувале за да можат да влезат во нивните домови и да видат што има внатре. Кога ќе успееле да влезат во пијалокот на мажите ставале средство за спиење, по што ја вршеле кражбата. Најмногу краделе накит, а се уапсени во моментот кога во златара во Барселона се обиделе да продадат дел од украденото. Во градот Тарагон 80 километри од Барселона полицијата уапсила три хрватски државјанки, кои исто така биле организирана банда крадци. И тие организирано краделе. Две чувале стража третата обивала станови. Крај.јутарнилист.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: НАТО се обидува да се зајакне на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Арктикот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес го обвини НАТО дека ја пречекорува својата традиционална област на одговорност во обид да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Централна Азија, Арктикот и Азиско-пацифичкиот регион.
Лавров изјави дека не се презентирани факти што ги поткрепуваат тврдењата дека Иран наводно подготвува напад врз Израел.
Тој оцени дека процесот на нормализирање на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави е тежок и не е брз, објави РИА Новости.
Истакна дека нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Москва може да биде корисно за спречување на глобални кризи, пренесува Танјуг.
Свет
Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија два часа по прогласувањето на прекинот на огнот.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.
Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) енергично да одговорат на она што тој го нарекува кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Им наредив на ИДФ силно да одговорат на кршењата на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Од друга страна, иранските државните медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти.
Свет
Израелскиот министер за финансии: Техеран ќе трепери

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.