Свет
Најмалку 21 загинат во напад на пазар во Пакистан
Според телевизијата нападот го извел бомбаш-самоубиец кој се разнесол на пазарот во северозападниот град Парачинар, во административен центар на племенска област Курам, во близината со Авганистан
Најмалку 21 човек загинал а 40-ина се ранети во петокот во напад на пазар во близина на џамија во немирниот регион во северозападен Пакистан, јавува пакистанската телевизија Geo TV.Според телевизијата нападот го извел бомбаш-самоубиец кој се разнесол на пазарот во северозападниот град Парачинар, во административен центар на племенска област Курам, во близината со Авганистан„На пазарот во Парачинар, во округот Курам, експлодираше бома“, ги цитира AFP претставниците на локалните власти. Според истите извори, експлозијата се случила во непосредна близина на сунитска џамија. Како што известува Press TV, повеќето од жртвите, пак, биле шиитски муслимани. Округот Курам, инаку, е познат по меѓуверските судири меѓу сунитите и шиитте. Племенската областа Курам се наоѓа во племенскиот паштунски регион на Пакистан. Во овие провинции (или со официјален назив – федерално административно управувани племенски области), постојните федерални пакистански закони не важат, а сојузната полиција нема овластувања, туку вистинската моќ е во рацете на племенските водачи и лидерите на семејните кланови. Системот на широка автономија на планинските Паштунски племиња е воспоставена уште од времето кога Пакистан беше колонија на Велика Британија, на почетокот од XX век. По објавувањето на независноста на Пакистан, во 1947 г., овој систем на управување не се измени, зачувувајќи ги привилегиите за паштуните. Денес во племенската зона постојат седум ткн политички заедници – еден вид племенски мини-држави, кои се под пакистанска централна власт: Баџур, Мохманд, Кибер, Курам, Орказаи, Северен и Јужен Вазиристан. Според пакистанските власти и сомневањата на Вашингтон, во овие подрачја засолништа нашле илјадници борци на џихадот кои се бореа на страна на талибаните во соседниот Авганистан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.