Свет
Путин го потпиша новиот руски закон за НВО
Рускиот претседатело Владимир Путин во саботата го потпиша законот кој претходно со големо мнозинство беше изгласан во двата дома на парламентот руската Дума, за посебна регистрацина на невладините организации кои се финансираат од странство.
Како што соопшти службата за односи со јавноста на Кремљ, претседателот Владимир Путин „го потпиша федералниот закон за регулирање на активности на невладините организации коишто имаат улога на странски агенти“.
Со овој закон кој во постапка за гласање влезе многу брзо, невладините организации коишто се занимаваат со политички активност а примаат финансиски средства од странство, ќе мора да се регистрираат при руското министерство за правосудство со одвоена регистрација и ќе мора да поднесуваат извештај пред органите и јавноста секои три месеци а во објавените материјали за јавноста ќе мора да нагласат дека ги подготвил „странски агент“ и мора да изложат четиригодишен финансиски план.
Според овој закон, невладините организации коишто нема да ги почитуваат приписите се соочуваат со зголемени казни, вклучувајќи ја и шестмесечна суспензија без судски налог па до затворска казна до три години.
Опозицијата тврди дека терминот „странски агент“ асоцира на шпионажа против државата, како и дека самиот закон е дел од систематското кршење на човековите права кои според нив е засилено од враќањето на Владимир Путин на претседателската должност.
Законот што западните земји го нарекоа контроверзен, го предложи владејачката партија Единствена Русија, на претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев, беше изгласан во првото читање пред една седмица и во итна постапка ставена на дневен ред во Думата и покрај спротиставувањата на активистите на невладините организации, опозициски правници, либералната опозиција и активисти за човекови права во средата беше изгласан и од Горниот дом на Рускиот парламент Думата, со огромно мнозинство, односно само еден глас „против“ и еден пратеник кој се воздржал од гласањето.
На 13-ти јули, Долниот дом на рускиот парламент го усвои предлог-законот, исто така, со огромно мнозинство од 374 гласови „за“, три гласа „против“ и еден пратеник беше воздржан. Единствена Русија, која во претходниот состав имаше двотретинско мнозинство, во овој 450-мандатен состав на Думата има 238 пратеници, Комунистичката партија освои 92 места, Праведна Русија 64, а Либерално демократската партија 56./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.