Свет
Египетската армија уби шест милитанти на Синај
Најмалку шест вооружени исламистички милитанти се убиени во неделата во напад на египетската армија на Синајскиот полуостров, објавија египетските власти.
Милитантити се убиени во нападот на нивно засолништво во село во близината на градот ал-Ариша во северниот дел на Синај.
Офанзивата против исламистичките милитанти на Синај беше покрената минатата седмица по убиството на 16 египетски граничари, што е најтежок напад врз египетските војнци во оваа погранична област со Израел во последните десет години.
Неделната ликвидација во селото ал-Гора, 30-ина километри јужно од ал-Ариша, се првите жртви меѓу исламистичките милитанти за кои официјално се известува од почетокот на офанзивата.
Безбедносен египетски извор за AFP рекол дека милитантите биле вооружени со ракетни фрлачи, бомби и автоматско оружје.
Египетската државна телевизија којашто не објавува никакви поединости за борбите, соопшти дека во судирот биле убиени и тројца војници.
Претставничка на меѓународните мировни сили на Синај во неделата демантираше дека група милитанти ги нападнала нивните позиции, само неколку часа откако еден египетски функционер објави дека милитантите пукале врз меѓународните набљудувачи.
„На нас не е пукано. Имаше малку пукање на контролната точка на египетската армија или полицијата недалеку од нас, но апсолутно немаше напад врз нашиот персонал“, изјави од Каиро за Reuters Кетлин Рилеи, претставничката на Меѓународните сили и набљудувачи (MFO) кои ги надгледуваат движењата на воените сили и опремата долж границата меѓу Египет и Израел од постигнувањето на нивниот мировен договор од 1979 година.
Аналитичарите сметаат дека безбедносната ситуација на Синај се влошила по минатогодишното соборување од власта на деценискиот египетски претседател Хосни Мубарак, што се чини исламистичките милитанти го искористија.
Областа на Синај каде што е границата меѓу Египет, Израел и палестинската енклава појасот Газа, стана и легло на криумчарите, кои низ прокопаните тунели шверцуваат намирници, нафта, но и оружје во Газа.
Во петокот водачите на бедиунските племиња на Синајскиот полуостров се согласија да ѝ помогнат на египетската армија во офанзивата против милитантите, а исто така ги поддржаа и плановите за уништување на криумчарските канали кон Газа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.