Свет
Здравје пет дена во месецот
Хронични болни, пензионери, трудници трчаат од шалтер на шалтер за да го обезбедат потребниот лек оти, како што велат самите, за ден-два ќе ги снема и онака малкуте “бесплатни” препарати што им значат живот
ТЕПАЧКА ЗА ЛЕКОВИ
Хронични болни, пензионери, трудници трчаат од шалтер на шалтер за да го обезбедат потребниот лек оти, како што велат самите, за ден-два ќе ги снема и онака малкуте “бесплатни” препарати што им значат живот
Пред и во државните аптеки во земјава веќе трет ден се случува хаос. Хронични болни, пензионери, трудници трчаат од шалтер на шалтер за да го обезбедат потребниот лек оти, како што велат самите, за ден-два ќе ги снема и онака малкуте “бесплатни” препарати што им значат живот. Нема аптека во која нема редици со по најмалку 10 пациенти, па турканиците и пцостите меѓу нив се редовна слика. Така е пет дена во месецот, додека трае периодот кога на рафтовите стасуваат лекови што се на позитивната листа и кои болните ги добиваат со рецепт и минимална партиципација.
Фондот за здравство во петокот почна со делење на бандеролите, па од завчера по јавните аптеки може да се дојде до “бесплатниот” лек што на секој осигуреник му следува по закон.
Состојбата е уште покритична во помалите градови, оти таму дистрибуцијата и снабдувањето на пациентите со лекови се одвива преку една до две јавни аптеки.
“Ќе се јавам на телефон ќе ми речат дека го добиле лекот, и тамам ќе стасам до аптеката, аптекарката ќе ми рече дека се потрошил. Срамота. Не знам што да мислам – или ги кријат лековите за свои луѓе или државава не дава пари да се купат доволно лекови за сите болни”, револтирано коментира еден 60-годишен човек, додека чека на ред во скопска аптека.
Најголема е побарувачката на лекарства за срцеви болни, антибиотици, препарати за контрола на крвниот притисок, сирупи за деца.
Ваквата состојба не е ништо ново, велат за “Вест” фармацевти од неколку аптеки, кои сакаат да останат анонимни. Работата е многу проста, објаснуваат тие, Фондот за здравство не дава толку бандероли за “бесплатни” лекови колку што болните реално имаат потреба.
И покрај укажувањата, велат фармацевтите, дека пациентите бараат лекови и оти им се неопходни, Фондот си тера по старо и не го зголемува бројот на препарати со партиципација.
Чекајќи да дојдат на ред и да го најдат препишаниот лек од својот матичен лекар, хроничните болни се жалат дека се принудени да земаат замена која не им одговара, па со тоа здравствената состојба дополнително им се влошува.
Препораката на аптекарите во вакви случаи е болните за свои пари да си го купат потребниот лек, да земат потврда од аптеката и потоа од Фондот да бараат враќање на парите. Но за да си ги повратат средствата, тие ќе треба да чекаат најмалку два месеца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

