Контакт

Свет

Сабота, 12.02.2005

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

(Дневник) – Сабота, 12.02.2005

ДРЖАВАТА ГО ПРОДАВА ПРИЛЕПСКИОТ МОНОПОЛ

Ако не влезат Турците, комбинатот оди во стечај

Турска компанија за производство и дистрибуција на цигари, чие име Владата се уште го држи во тајност, е најсериозен кандидат за купување на државните акции во Тутунски комбинат од Прилеп. Влезот на Турците во Комбинатот треба да се реализира најдоцна до мај, но државата своите акции претходно ќе им ги понуди на “Филип Морис” и на “Бритиш американ тобако”.

– За кон крајот на февруари веќе е договорена средба со претставници на “Филип Морис”, а и од БАТ доаѓаат позитивни сигнали за инвестирање. Но, според нашите проценки, најсериозен партнер е една турска компанија, која има пазар од 180 милиони потрошувачи – соопштуваат од Владата.

Ако Владата не најде стратегиски инвеститор до крајот на април, прилепските тутунари празникот на трудот ќе го дочекаат како стечајни работници. Ова е планот за Комбинатот, што на последната средба премиерот Владо Бучковски му го навестил на директорот на Комбинатот, Тони Мицајков. Директорот Мицајков вчера не сакаше да ги коментира најавите дека државата ќе покрене стечајна постапка ако не најде стратегиски инвеститор за прилепскиот комбинат.

На средбата исто така било договорено Комбинатот да се ослободи од споредните дејности и објекти и да го намали бројот на вработените за со евентуалните заштеди да се покријат дел од долговите кон државата.

Во Владата се оптимисти дека во рок од два месеца ќе најдат сериозен партнер за Комбинатот, иако Агенцијата за приватизација не успеа да го продаде комбинатот изминативе 15 години.

Книговодствената вредност на прилепскиот тутунски комбинатот е околу 28 милиони евра, а долговите се 54 милиони евра. Државата во сопственоста на Комбинатот учествува со 43 отсто, од кои 35 се на Агенцијата за приватизација, осум проценти отпаѓаат на Фондот за пензиско. Доминантни сопственици на 55 отсто од капиталот на ТКП се вработените и пензионерите.

(Вест) – Сабота, 12.02.2005

ДОСИЕ: ЕКСПЕРТСКАТА ЈАВНОСТ ЗАКАРАНА ОКОЛУ ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО

Колку вреди ЕСМ?

Јавноста се разбранува по изјавата на Владо Бучковски дека по приватизацијата на ЕСМ Владата ќе има можност да инвестира 300 – 400 милиони евра во развојот на земјава што ја наметна дилемата дали тоа е прагот шт

Не очекувајте милијарди евра од продажбата на ЕСМ, бидејќи постигнувањето на толкава цена на тендерот за продажба на ЕСМ, на крајот ќе се сруши врз грбот на граѓаните со драстичен раст на цените на струјата, коментираат дел од експертите кои внимателно го следат процесот на приватизација на ЕСМ. Тие, сепак, веруваат дека со очекуваната сериозна конкуренција, на тендерот за продажба на компанијата ќе се постигне реалната пазарна вредност на ЕСМ. Во спротивно велат ќе ни се случи нов Телеком. Инвеститорот на тендерот за телекомуникациската компанија плати невообичаена висока цена за вакви бизнис трансакции, а за возврат ја доби основната телекомуникациска инфраструктура, повеќегодишен монопол и неограничена слобода во зголемувањето на цените на услугите што сега годишно му носи повеќе десетици милиони евра приход. ЕСМ во просек носи едвај два до три милиони евра профит, а лани профитот изнесуваше околу 2 милиони евра. Ниеден инвеститор нема туку така да ги фрли парите а од поодамна реномирани компании како РЊЕ и Е.Он од Германија, чешката државна компанија ЦЕЗ, ЕНЕЛ од Италија, ППЦ од Грција, ЕдФ од Франција, АЕС од САД, ВЕРБУНД и ЕВН од Австрија искажуваат интерес за ЕСМ.

Оние кои размислуваат поинаку, пак, предупредуваат дека државата не треба да избрза со приватизацијата на ЕСМ, да го потцени имотот што го продава и евтино да го даде. Особено што на тендер ќе се понуди систем каде влезот на конкуренцијата е комплицирана. Критиките најмногу се базираат врз фактот што книговодствената вредност на ЕСМ изнесува една милијарда и 137 милиони евра, а имотот што државата преку МЕПСО ќе го задржи во сопственост вреди околу 75 милиони евра. Предлог на ВМРО – ДПМНЕ цената на тендерот да се зголеми со тоа што државата на ЕСМ ќе му додели концесија за трет мобилен оператор.

Министерот за економија Фатмир Бесими по објавувањето на владината одлука за продажба на ЕСМ објасни дека постои праг – минимална цена под која државата не би го продала ЕСМ, но, одлучила ЕСМ на тендерот да го понуди без почетна цена и потоа пазарната вредност на компанијата да се добие од понудите на сериозните купувачи. Јавноста се разбранува по изјавата на Владо Бучковски дека по приватизацијата на ЕСМ Владата ќе има можност да инвестира 300 – 400 милиони евра во развојот на земјава. Изјавата на премиерот ја наметна дилемата дали тоа е прагот што Владата го пресметала врз основа на перфомансите на компанијата.

Експертите објаснуваат дека пазарната цена на една фирма зависи од количината на слободниот обртен капитал што фирмата го произведува во текот на секоја година како резултат на своите дејности. Методата според која инвеститорот ја проценува пазарната вредност е позната како метода на дисконтиран или актуелизиран обртен капитал. Односно, заработката на претпријатието во идните дваесетина години се сведува на денешна вредност со употреба на дисконтна стапка и така се добива вредноста која инвеститорот е подготвен да ја плати. Дисконтната стапка зависи од многу фактори како што се каматните стапки на меѓународниот пазар на капитал, политичкиот ризик на земјата, нејзиниот кредитен рејтинг за домашни и странски валути и слично. Пресудна улога во пресметките имаат и цената на струјата, инвестициите, наплатата на сметките, професионалниот однос на менаџментот на ЕСМ во однос на јавните набавки и нивната реално потребна количина како фактор од кој зависи заработката, односно вкупните трошоци и приходи на компанијата. Па, според некои проценки може да се очекува и понудите на потенцијаните купувачи да бидат блиски.

***

Се продаваат изворите на енергија и дистрибуцијата

Најголемата атрактивност на ЕСМ е неговата географска и комерцијална компактност. На тендерот, што треба да се распише во мај годинава, ќе се понудат производствените капацитети, односно изворите на енергија, и дистрибуцијата. Ова значи дека на купувачот му е загарантиран пласманот на производството. Односно, како дистрибутер нема да мора да набавува скапа енергија од регионалниот пазар каде цените се повисоки од домашните. Изборот на купувачот да му се продадат и производството и дистрибуцијата на електрична енергија Владата го направи по препорака на нејзиниот консултант Мајнел банк Конзорциум, бидејќи и во Европа актуелни се спојувања на производството и дистрибуцијата.

Вкупната инсталирана моќност во капацитетите на ЕСМ изнесува 1.488,33 мегавати од кои околу 483,8 мегавати отпаѓа на хидроелектраните, вели портпаролот на ЕСМ Сашо Новевски. Системот годишно произведува 160 милиони киловатчасови електрична енергија, а вкупниот конзум претходната година изнесувал 7,3 милијарди киловатчасови електрична енергија. Најголемиот производен капацитет е РЕК “Битола” со инсталирана моќност од 675 мегавати инсталирана моќност. Додека “Битола” е главен производен капацитет за електрична енергија, втората по големина термоелектрана “Неготино” поради скапото гориво најчесто збира прашина. Инсталираната моќност на “Неготино” е 210 мегавати, а досега се направени повеќе неуспешни комбинаторики за приватизација на овој капацитет. Кичевскиот РЕК “Осломеј” е најмалата термоелектрана со инсталирана моќност од 125 мегавати.

Подготовките на ЕСМ за приватизација почнаа во март 2000 година, а заклучно со 2001 година Владата подготви основен концепт за реструктуирањето. Владиниот консултант “Мајнел банк Конзорциум” е ангажиран во 2002 година. На крајот на 2004 година реструктуирањето на ЕСМ се реализираше преку поделба на друштвото на два дела – МЕПСО и АД “ЕСМ”.

***

За да отпстои на ЕСМ му треба стратешки инвеститор

Редовното снабдување со електрична енергија во Македонија зависи од увозот, а големопродажните цени на електричната енергија во регионот, ги формираат големите компании. Нивното влијание особено ќе се почувствува по либерализацијата на пазарот со енергија. Главни играчи на Пазарот ќе бидат НЕК од Бугарија со повеќе од 5000 мегавати инсталирана моќност, и тоа 3000 мегавати се инсталирана моќност во нуклеарни капацитети, а околу 2200 мегавати отпаѓаат на хидроцентрали, потоа Романското производство со над 10.000 мегавати инсталирана моќност, а во нивно друштво е и ЕПС од Србија со околу 10.000 мегавати инсталирана моќност во термо и хидрокапацитети. Заедно на пазарот ќе понудат поконкуретна цена на струјата од ЕСМ, кое што во такви услови ќе ја изгуби заработката и сигурноста во бизнисот.

Либерализација на домашниот пазар е невозможна бидејќи во Македонија централите не можат да си конкурираат една на друга. Единствената актуелна конкуренција е тендерот за увоз на струја, но и таму се натпреваруваат исклучиво странски понудувачи.

Новите услови на работење, согласно европската директива, предвидува тарифирањето на струјата да биде фер и недискриминирачко, како и секој потрошувач да си го плаќа она што го потрошил, што не е случај во Македонија каде големите потрошувачи добиваат бенефицирани цени.

По либерализацијата на пазарот, регулаторно тело ќе ги одредува максималните малопродажни цени, како и максималните тарифи на природните монополи како што се преносот и дистрибуцијата. Во големопродажната цена регулаторот ќе мора да го признае трошокот на МЕПСО за увезената струја. Ситуацијата ќе се измени кога ќе се формира и регионална берза. Тогаш цената за крајните корисници нема да ја одредува регулаторот, туку берзата. Регулаторот ќе остане да се грижи само за тарифата за пренос и дистрибуција на струјата.

***

Монополот ќе и остане на државата

Експертите објаснуваат дека согласно измените на законското решение не постои опасност од создавање на приватен монопол. Според моделот што го избра Македонија, единствен монопол ќе биде МЕПСО, кое останува државно претпријатие. ЕСМ ќе произведува струја во производните капацитети што ќе ги купи и сета струја ќе мора да му ја продава на МЕПСО по строго регулирана цена. Приватизираната дистрибуцијата на ЕСМ ќе мора да ја купува струјата од МЕПСО, повторно по строго регулирана цена. МЕПСО ќе го има правото да увезува струја за домашната потрошувачка на јавен тендер. Главната улога на домашниот пазар ќе ја има МЕПСО, а ЕСМ ќе биде само најголемиот играч на тој пазар. Дистрибуцијата на ЕСМ ќе има обврска да ги снабдува сите потрошувачи поврзани на дистрибутивната мрежа по строго регулирана цена, се додека не се создадат услови за некои потрошувачи да набавуваат струја од други снабдувачи. Тогаш дистрибуцијата на ЕСМ, според регулаторната рамка во Македонија, ќе мора да им ја достави струјата преку својата дистрибутивна мрежа и да наплати само дистрибутивна маржа за услугата, а цената на струјата ќе си ја договорат потрошувачот и снабдувачот.

Конкурентност не би се постигнала дури и сите производни капацитети да се продадат на различни инвеститори, бидејќи домашната потрошувачка е поголема од вкупното производство на сите домашни централи. Побарувачката го гарантира пласманот на нивното производство и тие нема да имаат потреба меѓусебно да се натпреваруваат.

***

Берзата ќе биде главен играч на пазарот со струјата

Иницијативата за формирање на Регионален енергетски пазар на Југоисточна Европа е одлична можност за македонскиот електроенергетски систем, а помеѓу балканските земји веќе почна битката и лобирањето во Европските институции каде да биде центарот на тој пазар, вели Горан П. Соколовски, експерт за пазарот од ЕСМ, кој има лиценци за тргување на пазарите на електрична енергија во Холандија, Австрија и Словенија. Соколовски објаснува дека на тој иден Регионален енергетски пазар би учествувале сите балкански земји, а подоцна би се вклучиле и Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

“За секоја држава многу е битно да биде енергетски центар, пред се поради огромниот прилив на пари преку банките, институциите на државата и секако новите вработувања. Кој ќе ја има Берзата ќе биде главниот играч на енергетскиот пазар на Балканот”, вели Соколовски и објаснува дека словенечкото лоби во Европа подготвува почва од словенечкиот пазар за електрична енергија -БОРЗЕН да се направи заеднички пазар на бившите југословенски републики. Намерата е на тој пазар да се приклучат и Романија, Бугарија и Грција.

Грците, пак, како дел од Европската унија, лобираат центарот на берзата да биде во Атина, а Бугарското и Романското лоби заеднички ја туркаат Романија да биде центарот.

“Според мене, од експертска гледна точка, најпогодно е нашата држава, Македонија да биде центарот на Берзата, бидејќи ние и географски сме во центарот што е битен фактор за енергетскиот пазар”, вели Соколовски.

(Вест) – Сабота, 12.02.2005

СУДЕЊЕ ЗА НАСИЛСТВО

Суперпсихијатриско вештачење за газдата на “Панда”

На Јордан Младеновски и на Сашо Славевски им се суди оти на 1 ноември лани, во кафе-барот Приорити, околу 3 часот, го нападнале сопственикот, а потоа избегале

Вчера во Основниот суд 1 во Скопје продолжи судскиот процес против Јордан Младеновски, познат по прекарот Панда, и Сашо Славевски, обвинети за насилство. На вчерашното рочиште беше повикан вештак кој требаше да појасни детали околу пресметливоста на Младеновски кога се случило насилството. Поради изнесување лични прилики, судечкиот судија ја исклучи јавноста од судницата.

Дознаваме дека лекарот кој сведочел кажал дека Младеновски бил со намалена пресметливост, но бил противречен дали пресметливоста била трајна или хронична.

Младеновски, сопственик на кафе-барот “Панда”, пред неколку години беше суден за убиство на бремената сопруга. Тогаш тој беше испратен на психијатриско лекување и му беше одредена мерка задолжително лекување.

За да се разјаснат околностите околу неговата пресметливост, судот нареди дополнително супервештачење и судскиот процес е одложен на неодредено време.

На Младеновски и на Славевски им се суди оти на 1 ноември лани, во кафе- барот Приорити, околу 3 часот, го нападнале сопственикот, а потоа избегале. Според обвинението, инцидентот се случил утрото, кога Младеновски, заедно со Славевски, бил гостин во кабарето “Приорити”. Откако и двајцата се опијаниле, околу 3 часот утрото, без да ја платат сметката, сакале да го напуштат локалот. Кога сопственикот на кабарето ги предупредил да платат, меѓу нив настанала расправија, по што сопственикот за да избегне поголем инцидент, им го намалил цехот. Притоа Младеновски ја платил сметката, но потоа почнал да крши се пред себе. Во еден момент извадил пиштол и му го вперил на сопственикот на кабарето. Но кога сфатил дека пиштолот е плашливец, му го одзел на Младеновски. Газдата го испрскал Младеновски со спреј, по што тој, заедно со пријателот, го напуштил кабарето.

По нивното бегство, сопственикот ја повикал полицијата и по неколкучасовна потрага двајцата биле уапсени и притворени

(Утрински весник) – Сабота, 12.02.2005

Брачна двојка проневерила околу 4,3 милиони евра

МВР ја осомничи брачната двојка Васо и Ивана Ковачевски дека од 2001 до 2004 година, на разни начини, приходите и производите на “Виор Ростфрај” ги насочувале кон своите приватни фарми

Горан АДАМОВСКИ

Брачната двојка Васо и Ивана Ковачевски од Битола се осомничени од Министерството за внатрешни работи поради добивање на противправна имотна корист од 257.605.626 денари, или околу 4,3 милиони евра. Против нив ќе следуваат низа кривични пријави.

Имено, Васо Ковачевски (45) бил доминантен сопственик на А.Д. “Виор Ростфрајји од Охрид и сопственик на фирмата “Маџарри од Битола. Во септември 2002 година, како сопственик на “Маџарри, склучил договор со Македонска банка за користење кредит од 58.000.000 денари. Како хипотека, го задолжил имотот на “Виор Ростфрајји, по што парите од кредитот ги задржал за себе, а за таа сума ги оштетил акционерите на охридската фирма. На идентичен начин зел кредит од Извозна кредит банка во износ од 6.930.000 денари. Секако, како хипотека, го вложил имотот на “Виор Ростфреиии, а парите си ги префрлил на сметката од сопствената фирма “Маџарри. Во август 2002 година, како аванс, од касата на “Виор Ростфрајји подигнал 400.000 денари.

Ковачевски со измамите не запрел тука. Имено, фалсификувал одлука во која внесол невистинити податоци дека Бордот директори на “Виор Ростфрајји донел одлука за доделување кредити на неговата фирма “Маџарри, иако такво нешто воопшто немало.

Конечно, осомничениот Васо Ковачевски склучил лажни спогодби за долг и неосновано заложување на “Виор Ростфрајји со што предизвикал стечај на фирмата.

По комплетирањето на истрагата, Министерството за внатрешни работи ја осомничи брачната двојка Васо и Ивана Ковачевски дека од 2001 до 2004 година, на разни начини, приходите и производите на “Виор Ростфрајји ги насочувале кон своите приватни фарми “Маџарри, “Мајорри и “Мак – виноои. Така Ковачевски стекнале противправна имотна корист од 257.605.626 денари. Истражен судија на осомничениот Васо Ковачевски му одреди 30- дневен притвор.

(Време) – Сабота, 12.02.2005

Извештајот на ревизорската комисија е прејудицирање

Министерството за култура ги негира обвинувањата дека спротивно на законите ненаменски потрошило стотици илјади евра за одбележување на 100-годишнината на македонската државност, за Унесковата куќа на уметноста и за Пелинце. Неправилностите на кои упати извештајот на Државниот завод за ревизија, од кабинетот на министерот за култура Благој Стефановски ги нарекуваат опасно прејудицирање зашто ревизијата се уште не е завршена, а објавените податоци се непотврдени.

– Според Законот за државна ревизија, по доставувањето на претходниот извештај до институцијата во која е извршена ревизијата, се предвидува рок од 15 дена за негово разгледување и за доставување забелешки од институцијата на која таа се однесува, во случајот Министерството за култура. Според законот, ревизорот е должен да ги разгледа доставените забелешки и врз основа на тоа да подготви конечен извештај. Дури по завршувањето на оваа постапка, конечниот извештај е официјален документ за извршената ревизија. Во овој случај е објавен работен документ на Државниот завод за ревизија, за кој не е завршен рокот за доставување забелешки – се вели во демантот што Министерството го објави на својата веб-страница.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија за 2003 година, најголеми неправилности во работата на Министерството за култура се утврдени во организирањето на манифестацијата „100 години Илинден“, за која, како и за Пелинце, Владата го овластила Министерството да го изврши проектот со непосредни спогодби, а не по пат на тендер. Ревизорите, пак, утврдиле дека одбележувањето на 100-годишнината од македонската државност не е настан што не може да се предвиди, па констатирале дека се прекршени Уставот и законите.

На Министерството му се забележува дека ги прекршило законите и со тоа што набавената киноопрема во вредност од 300.000 евра за Унесковата куќа на уметноста ја инсталирало во киното „Фросина“, а Министерството продолжило да склучува договори за градежни работи за овој простор иако Владата се откажала од проектот.

Во ревизорскиот извештај како проблематични се споменуваат и парите што Министерството за култура ги добило од донации. ЕСМ му донирало на Министерството износ од 200.000 евра за кои не постои никаков договор. Н. Б.

(Време) – сабота, 12.02.2005

Антикорупциската комисија чека доказ

и

Антикорупциската комисија ги следи сите јавни искази и обвинувања за корупција и за политички криминал, но не може да реагира ако нема конкретни докази, изјави вчера Драган Малиновски, претседател на комисијата, по пораките што преку медиумите си ги испратија еден на друг Груевски и Георгиевски.

Љубчо Георгиевски, поранешниот лидер на вмровците и актуелен челник во сенка ВМРО-НП, и Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, неделава меѓусебно се обвинија за корупција и за транзициско профитерство. Најавувајќи ја „европеизацијата на партијата“, Груевски рече дека сите оние што си заминуваат од ВМРО-ДПМНЕ всушност „си ги откриваат вистинските лица на транзициски профитери“. Иако Груевски не кажа ниту едно име, Георгиевски се препозна, па му возврати дека подобро би било наместо да обвинува, „да си пресмета колку капитал имал во 1998 година, кога станал член на ВМРО-ДПМНЕ, а колку има сега“.

Според Малиновски, Државната комисија за спречување на корупцијата не можела да реагира само врз основа на паушални изјави.

– Во јавноста постојано се изнесуваат сознанија и обвинувања за корупција и за политички криминал. Слични изјави имаше и за структурите на Демократската унија за интеграција. За да реагираме ни се потребни поцврсти или повидливи докази од паушални изјави. Ние целосно ги следиме јавните настапи и дејствуваме секогаш кога ќе утврдиме дека има простор за такво нешто – вели Малиновски.

Груевски ја лансира пораката до оние што ја напуштија партијата што ја води во понеделникот, на коктел-средбата со странските дипломати. Георгиевски возврати веднаш, со чудење дека „реториката на Груевски повеќе прилега на функционер на СДСМ отколку на опозиционер“. Е. З

********

Георгиевски за Груевски

Ако Груевски провери колку капитал има семејството Мијалкови, ќе види дека тие имаат десет пати повеќе од Ламбе и од Војо заедно. А што се однесува до него, и тој нека си направи приватна пресметка и нека каже колку имал во 1998 година, кога се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ и колку има сега. Мене ми е жал што Груевски употребува реторика како да е функционер на СДСМ. Подобро би било таквата реторика да ја насочи кон нив одошто кон своите сопартијци, кои, морам да кажам, во меѓувреме го направија човек, изјави за Канал 5 Љубчо Георгиевски одговарајќи на дел од претходното обраќање на Груевски пред амбасадорите.

Груевски тогаш, меѓу другото, рече дека „оние што сакаат да заминат од нас, може да си одат. Но, тие треба да се свесни дека со одењето ќе си ги откријат вистинските лица на транзициски профитери“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Гардијан“: Судот во Лондон ја одобри жалбата на Џулијан Асанж, тој сè уште нема да биде екстрадиран во САД

Објавено пред

Џулијан Асанж извојува победа во тековната борба против екстрадицијата од Велика Британија, откако судиите на Високиот суд во Лондон го одобрија неговото жалбено барање, пишува Гардијан.

dobivaj vesti na viber

Двајца судии, пишува Гардијан, ја одложија одлуката во март за тоа дали Асанж, кој се обидува да го избегне судењето во САД за обвиненијата за шпионажа поврзани со објавувањето на илјадници тајни и дипломатски документи, може да го однесе својот случај на второ жалбено рочиште.

Како што пишува „Гардијан“, Асанж би можел да добие право да побара жалба.

Асанж е обвинет за 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутер, според медиумот, кој предвидува максимална казна од 175 години затвор, за објавување на голема количина доверливи американски документи на неговата веб-страница пред речиси 15 години.

Прикажи повеќе...

Европа

Ги убил двајцата внуци па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија

Објавено пред

Трагедија се случи во мал шпански град откако пензионер ги уби своите двајца внуци, на возраст од 10 и 13 години, пред да се самоубие – два месеци откако неговата сопруга и ќерка загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел.

dobivaj vesti na viber

Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата.

Нивните три тела беа пронајдени околу 8.30 часот утринава во различни простории од куќата во Хуетор Тајар – град со околу 10.000 жители, во близина на градот Гранада во јужна Шпанија – кога насилно влегле вооружени полицајци.

Едното дете е убиено со огнено оружје, додека другото се удавило.

Извори блиски до истрагата велат дека едно од децата имало прострелни рани, додека другото дете се верува дека се удавило.

Истражителите на Цивилната гарда велат дека пензионерот се застрелал со истото огнено оружје што го користел за да го убие својот внук.

Неговата сопруга и ќерка, мајка на две деца, ја загубија борбата за живот откако беа исечени од остатоците од автомобилот што го управуваше 72-годишникот.

Прикажи повеќе...

Свет

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Објавено пред

Светските цени на златото повторно пораснаа на ново рекордно ниво бидејќи денеска на берзата во Њујорк, Comex, достигнаа цена од 2.449,89 долари за унца.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Ројтерс“, растот на цените на златото бил поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД набргу ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во Соединетите Американски Држави.

ФЕД официјално не објави јасен став за каматните стапки, но инвеститорите веќе се обложуваат на нивно намалување.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело –...

Македонија38 минути

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија47 минути

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија2 часа

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија2 часа

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ2 часа

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...

Македонија2 часа

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до преспанскиот договор

Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора...

Македонија4 часа

Одземени дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа...

Свет4 часа

Путин му изрази сочувство на Иран: „Раиси ѝ беше вистински пријател на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, опишувајќи го Раиси како вистински пријател на...

Свет5 часа

(Видео) Новинар известува покрај остатоците од хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, багажот на патниците е расфрлан наоколу

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, која се урна во неделата на северозападот на земјата, а спасувачките...

Свет5 часа

Реакции на светските лидери за смртта на иранскиот претседател

Лидерите ширум Блискиот Исток и пошироко го изразуваат своето сочувство откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште осум лица загинаа...

Свет6 часа

Новиот претседател на Тајван ѝ порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...

Свет7 часа

(Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки

Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега...

Свет8 часа

Раиси летал со хеликоптер од американско производство, објави иранска новинска агенција

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси летал со хеликоптер Bell 212 од американско производство. Според воениот аналитичар на...

Свет8 часа

(Видео) Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на...

Свет8 часа

(Видео) Објавена снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Се претпоставува дека иранскиот претседател и министерот за надворешни работи се мртви откако иранските државни медиуми објавија дека не се...

Македонија19 часа

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет20 часа

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...

Регион1 ден

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...

Топ1 ден

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...