Контакт

Свет

Судовите ги спакуваа досиејата за Смиленски

Објавено пред

Министерството за правда веќе го прави екстрадиционото барање за осомничениот Методија Смиленски и деновиве тоа ќе им биде пратено на српските власти

dobivaj vesti na viber

ПРИТВОРЕНИОТ АВСТРИСКИ БИЗНИСМЕН ОД МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО СЕ УШТЕ ВО ПРИТВОР

Министерството за правда веќе го прави екстрадиционото барање за осомничениот Методија Смиленски и деновиве тоа ќе им биде пратено на српските власти

Скопска единица и светиниколскиот Основен суд се уште ги комплетирале и му ги доставиле на Министерството за правда досиејата за бизнисменот Методија Смиленски, кој по четиригодишно бегство, на 15. овој месец бил уапсен на белградскиот аеродром. Портпаролот на Министерството за правда Убавка Матевска вчера ни изјави дека таму веќе се прави екстрадиционото барање, кое заедно со предметите за отворените судски истраги, деновиве ќе бидат испратени до српското Министерство за правда.

Рокот за екстрадиција на притворениот, кој изнесува 40 дена, тече од моментот на неговото апсење.

Овој австриски бизнисмен, кој од 1997 се откажал од македонското државјанство, извршил неколку десетици кривични дела во Македонија од областа на финансискиот криминал, кои се збиени во пет судски истраги. Засега се знае дека во едниот предмет осомничен е и ексгувернерот на Народна Банка Љубе Трпески, во друг бившиот директор на Дирекцијата за стокови резерви Ванчо Пеловски, а во два останати, покрај Смиленски и директорите на поранешната Експорт-импорт банка.

Во Министерството за правда очекуваат дека српските власти ќе го испорачаат Методија Смиленски во Македонија, но потенцираат дека секогаш останува можноста државата од која се бара екстрадиција да не го даде осомничениот. Кога странската држава одбива да го испорача бараниот случај по потерница, задолжително треба да даде образложение за тоа.

Во скопското Обвинителство забележуваат дека Смиленски многу често се движел во Србија, слободно, а српските власти дури сега решиле да го уапсат.

Правда и Обвинителство веруваат дека Смиленски се уште е во екстрадиционен притвор во Белград, зашто немаат известување дека тој е пуштен на слобода.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Јапонскиот аеродром Кансаи не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Објавено пред

Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот.

dobivaj vesti na viber

Седмиот најпрометен јапонски аеродром соопшти дека не изгубил ниту еден патнички багаж од отворањето во септември 1994 година, објави Си-Ен-Ен.

На тој аеродром годишно во просек минуваат од 20 до 30 милиони патници.

Прикажи повеќе...

Свет

Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила

Објавено пред

Норвешката полиција  соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.

Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.

Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.

Прикажи повеќе...

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Објавено пред

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.

Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 час

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет2 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет2 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија2 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет2 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет2 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет3 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија13 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија14 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија15 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет18 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија19 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија21 час

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија22 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија22 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија23 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија24 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија1 ден

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија1 ден

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...