Свет
Владата да го поништи договорот со „Делта“
Владата најитно да го поништи договорот со српскиот холдинг „Делта“ за продажба на земјиште склучен со непосредна спогодба, побара вчера Сојузот на стопански комори (ССК).
СТОПАНСКИ КОМОРИ
Владата најитно да го поништи договорот со српскиот холдинг „Делта“ за продажба на земјиште склучен со непосредна спогодба, побара вчера Сојузот на стопански комори (ССК).
– Изненадени сме што и покрај укажувањата не само на стопанствениците, туку и на Европската Унија, дека продажбите со директна спогодба се крајно нетранспарентни, создаваат нееднакви услови за стопанисување и се генератор на корупција, Владата наместо да ги укине, таа и понатаму ги практикува таквите продажби – рече Владимир Тодоровиќ , член на раководството на ССК и сопственик на „Тинекс“.
Сојузот ја повикува антикорупциската комисија да побара поништување на договорот за продажбата бидејќи „Делта“ пред еден месец за друга локација, која се продаваше со јавно наддавање понуди 80 пати повисока цена и зашто според одредбите од Законот за спречување на корупција во текот на изборната кампања не може да се отуѓува државен имот.
Владата во понеделникот објави дека ја продала локацијата од 16 илјади квадратни метри во скопската населба Карпош по цена од 1.000 денари за квадрат на „Делта“ за изградба на супермаркет.
(М.Б.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.