Свет
Швајцарската "Мед табако" го купи "Нико Доага"
Швајцарската фирма "Мед табако компани"е новиот сопственик на Тутунскиот комбинат "Нико Доага" од Крушево. Вака одлучи Собранието на доверители на "Нико Доага" во стечај.
Швајцарската фирма "Мед табако компани"е новиот сопственик на Тутунскиот комбинат "Нико Доага" од Крушево. Вака одлучи Собранието на доверители на "Нико Доага" во стечај.
На меѓународниот тендер "Мед табако компани" за 200 илјади долари го купи крушевскиот тутунски откупувач кој со залихите од тутун вредеше околу 9 милиони евра.
Новиот газда планира со рестартирањето на крушевското претпријатие на работа да врати 70 од поранешните 140 работници, да го стимулира тутунопроизводството, откупот, преработката и продажбата на суров тутун.
Исто така, новиот сопственик "Мед табако компани" за три години планира да инвестира 3 милиони евра во "Нико Доага". На тендерот учествувале и скопските фирми Гино Експорт и Орбита табако, кои понудиле од 9 до 12 милиони денари како и крушевчанецот Борис Дамјановски, чија понуда била вредна 4 милиони евра.
Но, Мед табако компани, е единствената фирма што доставила гаранција, потврдувајќи ја сериозната намера да биде сопственик на "Нико Доага", што веројатно било пресудно и Собранието на доверители со над 80 отсто од гласовите да ја донесе одлуката од доверителите.
А. Ц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Серија пропусти во Лувр: Крадците избегале со 30 секунди предност
Истрагата за кражбата на крaлскиот накит од Лувр открива дека крадците успеале да ѝ побегнат на полицијата со предност од само 30 секунди, поради серија безбедносни пропусти, објави „Гардијан“.
Извештајот претставен пред комисија на францускиот Сенат покажува дека во моментот на кражбата работела само една од двете надзорни камери во областа, а персоналот во контролната соба немал доволно монитори за следење на снимките во живо. Полицијата, пак, по активирањето на алармот била испратена на погрешна локација.
Шефот на истрагата, Ноел Корбин, изјавил дека само „плус-минус 30 секунди“ би биле доволни за обезбедувањето или полицијата да го спречат бегството. Современа видео-oпрема, поотпорно стакло или подобра координација, според него, ќе можеле да спречат исчезнување на накитот вреден 88 милиони евра, кој сè уште не е пронајден.
Извештајот дополнително открива дека управата на Лувр со години била предупредувана за безбедносни слабости. Ревизија од 2019 година, нарачана од претходниот директор Жан-Лук Мартинез, укажувала дека местото од каде крадците влегле – балкон со пристап однадвор – е лесно достапно со скали. Сегашната директорка Лоренс де Карс не знаела за таа анализа и препораките никогаш не биле спроведени.
Полицијата смета дека ги уапсила четворицата осомничени, кои по кражбата во Галеријата Аполо избегале со мотори. Откритијата создаваат голем притисок врз Де Карс, првата жена на чело на музејот, во моменти кога Долниот дом на парламентот спроведува сопствена истрага. Францускиот државен ревизор минатиот месец оцени дека безбедносните подобрувања се спроведувале „неприфатливо бавно“.
Во меѓувреме, музејот се соочува и со други проблеми: очекуван е штрајк на вработените што бараат подобри услови поради недостиг на персонал и огромни гужви, а неодамнешно истекување вода оштетило стотици списанија и документи во египетскиот оддел.
Свет
Лидерите на Франција, Британија и Германија 40 минути разговарале со Трамп за Украина
Лидерите на Франција, Велика Британија и Германија разговарале 40 минути со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Украина, потврди претседателот Емануел Макрон.
Во телефонскиот разговор учествувале и британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Разговорите се случуваат во момент кога Трамп врши притисок врз Киев да прифати договор за завршување на руската инвазија.
Свет
САД ќе ги објават тајните списи за Епштајн: Судот даде зелено светло
Американски сојузен судија во Њујорк одобри Министерството за правосудство да ги објави записите од големата порота поврзани со случајот за трговија со луѓе против Џефри Епштајн од 2019 година, јави „Би-би-си“.
Одлуката на судијата Ричард Берман ги поништува неговите претходни насоки материјалот да остане таен и се темели на новиот Закон за транспарентност на документите за Епштајн, кој го обврзува Министерството да ги објави документите до следната седмица.
Епштајн беше обвинет за трговија со луѓе во јули 2019 година, а еден месец подоцна почина во затвор во Њујорк додека го чекаше судењето.
Законот потпишан минатиот месец од американскиот претседател Доналд Трамп бара објавување на сите некласифицирани истражни материјали за Епштајн, вклучувајќи документи и комуникации.

