Свет
Ова е политички прогон
"Го
разбрав обвинението оти е напишано на македонски јазик. Не ми е јасно, само
еден мој потпис бил доволен да се подигне обвинение. Сметам дека се работи за
политички прогон", кажа пред Судот Саша Андоновски, ексзаменик министер за
економија, еде
ЗА СЛУЧАЈОТ
БАЧИЛО СОСЛУШАН ЕКСЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА
"Го
разбрав обвинението оти е напишано на македонски јазик. Не ми е јасно, само
еден мој потпис бил доволен да се подигне обвинение. Сметам дека се работи за
политички прогон", кажа пред Судот Саша Андоновски, ексзаменик министер за
економија, еде
"Го
разбрав обвинението оти е напишано на македонски јазик. Не ми е јасно, само
еден мој потпис бил доволен да се подигне обвинение. Сметам дека се работи за
политички прогон", кажа пред Судот Саша Андоновски, ексзаменик министер за
економија, еден од обвинетите за случајот Бачило и денационализација. "На
вакво обвинение немам намера да одговарам на прашања. Нека расчистат тие сами
со себе па со мене", рече Андоновски и си седна.
Пред него пред Судот пензионерот Ордан Милановски во своја добрана кажа дека
нотарот Никола Стојменовиќ од него барал да му најде луѓе од доверба кои потоа
потпишувале договори. Тој потврди дека Стојменовиќ му давал пари кои потоа
Ордан му ги давал на Иснифарис Џемаили, ама не давал ниту земал заеми. "Не
знам колку книшки имам во банка, пари не сум видел. На Никола му верував како и
на сите мои ученици кои се многу паметни. Јас не разговарам со глупави
луѓе", рече Милановски.
Емилија Алексова, ексдиректорка на Катастар, и нотарката Гордана Ракочевиќ пред
Судот долго и детаљно објаснуваа дека се што направиле било законски.
"Жалам за моите пари сакам да ми се вратат, измамен сум".
"Се колнам дека сега немам ни пари ни имот", кажаа обвинетите Саша
Славковиќ и Гроздана Манасиевска и тврдеа дека се изманипулирани од нотарот
Стојменовиќ кога давале пари на заем и учествувале во денационализација на
државен имот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

