Свет
Во ресенскиот Здравствен дом проневерени 100.000 евра
Полицијата ги осомничи Г.А. (61), поранешен в.д. директор на Здравствен дом
– Ресен, потоа Л.Б. (42), бивша началничка на отсекот за економско финансиска
дејност во истата установа, и Т.Н. (55), поранешен прв човек на Подрачната
единица на Фондот за здравство за Ресен, за злоупотреба на 6,2 милиони денари.
Полицијата ги осомничи Г.А. (61), поранешен в.д. директор на Здравствен дом
– Ресен, потоа Л.Б. (42), бивша началничка на отсекот за економско финансиска
дејност во истата установа, и Т.Н. (55), поранешен прв човек на Подрачната
единица на Фондот за здравство за Ресен, за злоупотреба на 6,2 милиони денари.
Истражен судија од битолскиот Основен суд им ги одзеде патните исправи на Г.А.
и на Л.Б., инаку снаа на актуелниот градоначалник на Ресен, а на Т.Н. му е
забрането да добие нов пасош. Според МВР, Г.А. во времето додека директорувал
со Здравствениот дом во Ресен им овозможил на членовите на Управниот одбор да
добијат надомест за 18 месеци за одржани седници иако во тој период не била
одржана ниту една седница. Покрај тоа, Г.А. и Л.Б. набавиле масло за парно
греење по повисоки цени од договорите.
Во пријавата се вели и дека Г.А. лани не ја уплаќал партиципацијата на сметката
на ФЗОМ, преименувајќи ги средствата по своја волја. Тоа му го овозможил Т.Н.,
кој не се бунел што на сметката на Фондот не пристигнуваат пари. Тројцата се
осомничени и дека не вршеле надзор за наплата на средствата од партиципацијата
со што го оштетиле ФЗОМ во висина од 50.000 евра. Нивните блиски роднини и
пријатели воопшто не плаќале за здравствени услуги, бидејќи Г.А. и Л.Б. ги
правдале сметките како „извршени услуги за персоналот“. Вкупно, тројцата ја
оштетиле државата за околу 100.000 евра. (Г.А.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.