Свет
Државата не се меша во продажбата на Поштенска
Владата не е се меша во политиката на Еуростандард банката и не знам кому му одеше во прилог да ја дезинформира јавноста за продажбата на Поштенска банка, изјави вчера премиерот Владо Бучковски.
Владата не е се меша во политиката на Еуростандард банката и не знам кому му одеше во прилог да ја дезинформира јавноста за продажбата на Поштенска банка, изјави вчера премиерот Владо Бучковски. Премиерот, сепак, индиректно призна дека Владата имала намера прво да ја „подржави“, па да ја продаде Поштенска банка. Државата, преку јавното претпријатие „Македонски пошти“ располага со 33,33 отсто од акциите на Поштенска, а 66 отсто се сопственост на Еуростандард банка. Народната банка(НБМ) предложила државата да го откупи управувачкиот пакет за четири милиони евра од Еуростандард, за Владата да стане легитимен потписник на купопродажниот договор со холандската ИНГ-банка.
– Предлогот на Народната банка е само една од алтернативите за полесно стигнување до светскиот бренд – ИНГ, но и тој беше злоупотребен. Ако некој влегол во таков проект само за да стекне сопственост на зградата на Поштенска банка, тогаш е несериозно да се занимава со сериозен бизнис како што е банкарството – рече Бучковски, не прецизирајќи кој од сопствениците на Еуростандард банка е заинтересиран за просториите на Поштенска.
За вчера попладне премиерот најави средба со првите луѓе на Еуростандард банката, а официјалниот став, како што изјави, ќе го соопштел денеска. Од оваа банка уште не сакаат официјално да ги коментираат потезите на Владата и на НБМ. Тамошни претставници веќе денеска ќе седнат на маса и со гувернерот Петар Гошев, па дури потоа ќе ги коментираат случувањата за продажбата на Поштенска. На 7 октомври акцискиот план за продажба на банката требаше да биде на дневен ред кај Владата. Расправата за тоа била одложена по спротивставувањето на Еуростандард за таква купопродажба, која е сосема спротивна на веќе договорената, но и во контрадикторност со препораките на ММФ и на Светска банка.
М.К.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД со предупредување: Американците веднаш да го напуштат Иран
Американското претставништво за Иран ги повика американските државјани веднаш да ја напуштат земјата, предупредувајќи дека немирите низ земјата продолжуваат да ескалираат.
Во соопштението се наведува дека граѓаните треба да заминат без помош од американската влада, а доколку тоа не е можно, да најдат безбедно место. Се предупредува и на можни прекини на интернетот и се препорачува, доколку е безбедно, напуштање на Иран по копно преку Ерменија или Турција.
Се нагласува дека двојните американско-ирански државјани мора да патуваат со ирански пасоши и дека покажувањето американска патна исправа може да биде доволна причина за притвор.
Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп објави царина од 25 проценти за сите земји што соработуваат со Иран, како одговор на владините мерки за сузбивање на антивладините демонстрации. Иако Трамп постојано се закануваше дека ќе го нападне Иран доколку властите употребат смртоносна сила за сузбивање на протестите, тој исто така изрази подготвеност да ја истражи можноста за дипломатски разговори со Техеран. Извештаите покажуваат дека Трамп бил информиран за неколку опции за дејствување против Иран, освен конвенционалните воени воздушни напади.
Фото: depositphotos
Регион
Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени
Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит.
На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град.
Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е можно.
Иако температурите се над нулата, снегот и понатаму се задржува.
Фото: pexels
Свет
Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина
Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу клучните надворешнополитички и внатрешни прашања. По заедничка средба, тие соопштија дека Словачка повеќе нема да ѝ дава воена помош на Украина, нема да испраќа војници и нема да учествува во плановите на ЕУ, пренесе Актуалити.ск.
„Задачата на тројцата највисоки уставни функционери е да испратат сигнал дека е можно да се води културна политика и култивиран дијалог и дека мора да се најде заеднички пат и заеднички одлуки за доброто на Словачката Република“, изјави претседателот Пелегрини. Тој додаде дека средбата покажала оти можат да разговараат отворено, конструктивно и прагматично за сите прашања.
Според Пелегрини, тројцата се единствени и во оценката за воената кампања на САД во Венецуела, која ја сметаат за грубо кршење на меѓународното право. Потврдена е и согласноста дека Словачка треба да има претставник на разговорите на таканаречената „коалиција на подготвените“, но со непроменет став: земјата нема да ја поддржува Украина воено, нема да испраќа војници и нема да учествува во гаранции за голем заем од Европска комисија.
Сите тројца истакнаа дека Европска Унија е животен простор за Словачка, во кој сака да остане. Сепак, Фицо предупреди дека Унијата никогаш не била во подлабока криза.
„Не би сакал Словачка во оваа криза во ЕУ да трча како ранета и да стане жртва на големи поместувања што можат да се случат во Европа“, рече Фицо. Тој укажа и на распадот на светскиот поредок и на почитувањето на меѓународното право, наведувајќи ја енергетската безбедност како дополнителен предизвик.
Премиерот оцени дека е важно Словачка да настапува суверено во Европа и во светот. „Ги повикувам сите во владејачката коалиција, и покрај внатрешните несогласувања, да се обединиме и да претставуваме храбра и суверена државна политика што ќе ја штити Словачка во овие тешки времиња“, изјави Фицо.
Тој додаде дека разликите во мислењата се можни, но дека кога станува збор за суверенитетот, позицијата и безбедноста на државата, сите мора да „влечат на иста страна“. Доколку опозицијата е подготвена да учествува во таков пристап, ќе биде добредојдена.
Претседателот на парламентот Рихард Раши истакна дека тројцата функционери можат да се договорат за решавање на сериозни надворешнополитички и внатрешни прашања. Тој наведе дека нема суштински проблеми меѓу нив и дека по многу теми имаат слични ставови.
Раши додаде дека разговарале и за функционирањето на Вишеградската група и Славковскиот формат, при што Словачка ќе бара заеднички позиции со тие земји. Како тема било отворено и работењето на парламентот, а Раши потврди дека измените на деловникот мора да бидат прва точка на следната седница.
Фото:Depositphotos

