Свет
Судење на опозиционерите во Иран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/7eb96722-6d01-459d-849d-2dc9d1bb3713-2.jpeg)
Судење на политичарите уапсени по претседателските избори во Иран започна денеска
Судење на политичарите уапсени по претседателските избори, обвинети за поттикнување на демонстрации против режимот на Махмуд Амхмадинеџад, започна денеска во Иран.
Иранските медиуми пренесоа дека некои од уапсените се обвинети за поткопување на националната безбедност, за што би можеле да бидат осудени на смрт.
Најголемата криза во Иран, по Исламската револуција во 1979 година, настапи по претседателските избори на 12 јуни годинава.
Поразените умерени кандидати Мирхосеин Мусави и Мехди Каруби тврдат дека изборните резултати се наместени во корист на Ахмадинеџад, додека властите овие обвинувања ги отфрлаат.
Судењето започна со бившиот потпретседател, бившиот заменик-шеф на дипломатија, бивш пратеник и бивш министер за индустрија./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Зеленски: Нема да прифатиме ниту еден договор постигнат меѓу САД и Русија без наше учество
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/zelenski3.jpg)
Укрина нема да прифати какви било договори постигнати меѓу САД и Русија без нејзино учество, изјави попладнево Володимир Зеленски.
Зборувајќи за новинарите за неговиот телефонски разговор со Доналд Трамп, Зеленски истакна дека е клучно Украина да биде присутна на преговарачката маса. Тој додаде дека за време на разговорот со Трамп не станало збор за членството на Украина во НАТО, но признал дека е свесен за позицијата на САД дека не ја сака Украина во тој одбранбен сојуз.
„Денес е важно ништо да не оди според планот на Путин. Тој сака да ги води сите преговори билатерално со САД“, нагласи Зеленски.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж за мировен договор, но се чини дека тој веќе направил одредени отстапки пред Путин уште пред да започнат преговорите. Синоќа Трамп изјави дека е непрактично Украина да стане членка на НАТО и дека не е веројатно дека ќе можат да ја вратат целата окупирана територија.
Свет
Украинците од Запрожје: „Продажбата на Украина не е успех“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/izjavi.jpg)
Жителите на украинскиот град Запорожје, кој се наоѓа на линијата на фронтот, стравуваат дека плановите на Доналд Трамп да стави крај на војната претставуваат предавство на Украина, јавува „Би-Би-Си“.
„Многу се зборува за тоа дека Трамп ја предал Украина, а тоа изгледа многу лошо за нас“, рече Олександр Бездинов.
„Можете да се обидете да најдете нешто позитивно, но според она што го гледате во вестите, ситуацијата е катастрофална. Не гледам што ќе постигне Трамп ако заврши вака. Продажбата на Украина не е успех“, додаде Бездинов.
Викторија Мохалова, психолог од Запорожје, е скептична за какви било потенцијални договори меѓу американскиот и рускиот претседател.
„Ако е вистина дека Трамп и Путин склучуваат договори, тоа значи дека сме распродадени. Загрижена сум што Трамп покажува таков бесрамен презир кон меѓународното право. Путин е криминалец“, изјави Мочалова за Би-Би-Си.
Од друга страна, Ана Холовченко, ИТ експерт од Запорожје, има малку пооптимистички став: „Тој зборува многу, а малку прави на дело. Не е убаво да се слушне што рекол, но таков е. Ќе треба само да почекаме и да видиме што ќе се случи. Јавните изјави и меѓународната политика се две сосема различни работи”, додаде Холовченко.
Свет
ЕУ за договорот меѓу Трамп и Путин: Ништо за Украина без Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/eu-ukraina.jpg)
Праведниот и траен мир мора да ја вклучува Украина, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо.
„Да резимираме, ништо за Украина без Украина, знаеме дека секој праведен и траен мир мора да ја вклучи Украина“, рече Пињо на прес-конференција.
Таа нагласи дека безбедноста на Украина е безбедност и на ЕУ и дека Унијата инсистира на позицијата за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина.
Портпаролката за надворешна политика, Анита Хипер, пак, изјави дека агресијата не смее да се наградува и дека секој мир мора да биде одржлив бидејќи лошиот договор води до нова војна.
„Важно е да се има предвид дека Русија е агресорот, тука и не може да биде наградена за агресија, а кога станува збор за какви било мировни договори, тие мора да бидат одржливи; лошиот договор ќе доведе до нова војна“, рече Хипер.