Свет
Воен психијатар уби 12 војници во американска база

Најмалку 12 мртви и 31 ранет е последица од пукањето во американската воена база Форт Хад во Тексас.Сите загинати се војници, освен едно лице, кое служело како полицаец, а за нападот е осомничен војникот Малик Надал Хасан, воен психијатар, кој е ранет во престрелката, за која се уште нема детали.
Најмалку 12 мртви и 31 ранет е последица од пукањето во американската воена база Форт Хад во Тексас.
Сите загинати се војници, освен едно лице, кое служело како полицаец, а за нападот е осомничен војникот Малик Надал Хасан, воен психијатар, кој е ранет во престрелката, за која се уште нема детали.
Хасан пукал на војниците од автоматска пушка и за сега се смета за единствен одговорен во инцидентот.
Пукањето најпрво започнало во медицинскиот центар, потоа продолжило во центарот за подготовка, а на крај се одвивало и на дел од воената база каде подоцна требало да се доделуваат дипломи.
Хасан наскоро требал да биде префрлен во Ирак или Авганистан. Тој е по потекло од Вирџинија, а неодамна го примил исламот.
Американскиот претседател Барак Обама инцидентот го оцени како „стравичен излив на насилство“.
Во базата Форт Хад служат 4929 офицери и 45 414 војници, како и околу 9 000 вработени цивили. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа објави детали за средбата Трамп-Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави Белата куќа.
Портпаролката Каролин Ливит на прес-конференција изјави дека Трамп ќе отпатува за Енкориџ во петок наутро. Средбата ќе биде еден на еден, додаде таа.
Ливит додаде дека средбата ќе биде „вежба за слушање“ за претседателот Трамп. Таа наговести дека има планови Трамп да ја посети Русија во иднина.
Кремљ и Белата куќа претходно објавија дека Путин и Трамп ќе се сретнат во Алјаска на 15 август.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека самитот е „лична победа“ за Путин. „Прво, тој (Путин) ќе има состанок на американска почва, што го сметам за негова лична победа“, им рече Зеленски на новинарите, додавајќи дека состанокот ќе го извади рускиот претседател од „изолација“ и ќе ги одложи можните санкции на САД против Москва.
Ливит појасни дека Трамп се надева на трилатерален состанок со Зеленски во иднина.
Одговарајќи на новинарските прашања за тоа зошто Володимир Зеленски не беше поканет на разговорите, Ливит истакна дека состанокот се одржал на барање на руската страна.
„Овој состанок се случи затоа што претседателот на Русија го замоли претседателот на Соединетите Американски Држави да се сретне преку неговиот специјален претставник, Стив Виткоф“, рече таа.
Таа нагласи дека Трамп ја прифатил поканата токму врз основа на таа иницијатива. „Претседателот се согласува со овој состанок на барање на претседателот Путин“, додаде Ливит. Според портпаролката, примарната цел на состанокот е Трамп и Путин да си заминат „со подобро разбирање за тоа како може да се заврши оваа војна“.
Фото: ЕПА
Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Свет
Орбан: Русија ја доби војната

Русија ја доби војната со Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот меѓу претседателите на САД и Русија во Алјаска во петок.
Унгарскиот премиер, кој одржува блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и покрај руската агресија во Украина, беше единствениот лидер на ЕУ кој не ја поддржа заедничката изјава во која се нагласува дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина.
„Сега зборуваме како да е ова неизвесна воена ситуација, но не е. Украинците ја загубија војната. Русија ја доби“, рече Орбан во интервју за YouTube каналот „Патриот“. „Единственото прашање е кога и под кои околности Западот, кој стои зад Украинците, ќе признае дека ова се случило и какви ќе бидат последиците“, додаде тој.
Унгарија, која добива најголем дел од својата енергија од Русија, одби да ѝ помогне на Украина со оружје, а Орбан е исто така силно против патот на Украина кон ЕУ.
Унгарскиот премиер тврди дека Европската Унија ја пропуштила можноста да преговара со Путин за време на мандатот на последниот, демократски американски претседател Џо Бајден, па сега е загрозена дека други ја обликуваат нејзината иднина.
„Ако не сте на преговарачката маса, сте на менито“, рече Орбан, додавајќи дека Будимпешта се спротивставила на заедничката изјава бидејќи Европа во неа изгледа „смешна и мизерна“.
„Кога двајцата лидери ќе седнат на преговори, Американците и Русите… а вие не сте поканети таму, тогаш не брзајте кон телефонот, не трчајте наоколу, не викајте однадвор“, рече Орбан.
Фото: ЕПА