Свет
Телеком и догодина ќе ќарува од монополот
Агенцијата за електронски комуникациии до крајот на годинава ќе ги усогласува цените за користење на мрежата на Телеком од други оператори, што значи дека конкуренцијатра нема да се појави ни на почетокот на 2006 година
ДРЖАВАТА ГИ ПРОБИВА РОКОВИТЕ ЗА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ
Агенцијата за електронски комуникациии до крајот на годинава ќе ги усогласува цените за користење на мрежата на Телеком од други оператори, што значи дека конкуренцијатра нема да се појави ни на почетокот6 на 2006 година
Агенцијата за електронски комуникации му го осигура монополот на Телеком до крајот на годинава. Законскиот рок за објавување на референтната понуда на “Македонски телекомуникации” за останатите фиксни оператори да ја користат неговата мрежа измина. Директорот на Агенцијата Коста Трпковски следниве десетина дена е на службен пат во Тунис, па, вчера во Агенцијата немаше кој да објасни зошто независното регулаторно тело ги пробива законските рокови и со тоа ја гуши потенцијалната конкуренција на Телеком.
Од “Македонски телекомуникации” велат дека ги испочитувале сите законски рокови при доставата на референтната понуда до Агенцијата. Според компанијата испочитуван е и временскиот рок за евентуалните корекции во понудата и таа повторно била доставена во Агенцијата.
Но, како што е дефинирано во законската регулатива, Агенцијата сега ќе има рок од уште 30 дена да ја разгледа корегираната верзија на понудата и потоа да ја објави во Службен весник. Според добрите познавачи на телекомуникациските состојби, ваквото одолговлекување е непотребно и во полза само на Телеком. Особено што Агенцијата веќе го информирала Телеком кои се корекциите кои треба да ги направи. И ако Телеком сепак доставил понуда што е дискриминаторска кон останатите учесници на пазарот, Агенцијата има право да ја корегира понудата и веднаш да ја објави.
Во Министерството за транспорт велат дека немаат никакви надлежности да се мешаат во работата на Агенцијата: “Ние донесовме европски Закон, за кој од ЕУ добивме многу пофалби бидејќи Агенцијата е издвоена како независно регулаторно тело, кое за својата работа одговара пред Собранието”, велат во Министерството за транспорт.
За работата на Агенцијата не сака да зборува ниту надлежната Комисија за електронски комуникации. Претседателката на Комисијата Софче Јовановска, како што ни објасни нејзината секретарка вчера беше презафатена со состаноци во Стопанската комора на Македонија.
Но познавачите на состојбите потенцираат дека независноста на регулаторното тело паѓа во вода, ако предвид се земе фактот што директорот на актуелната Агенција, Коста Трпковски во директорската фотелја седна уште во периодот кога тоа беше Управа за телекомуникации под Министерството за транспорт. Трпковски во Управата, каде претходно работеше како инспектор, беше унапреден како кадровско решение на СДСМ.
(Т.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Четиригодишно дете паднало во казан каде се подготвувал гулаш: веднаш е хоспитализирано во Белград
Четиригодишно дете паднало во казан со гулаш во неделата на манифестацијата „Гулашијада“ во Баранда.
Со брзата реакција на полицијата тоа било извлечено и пренесено на Универзитетската клиника во Тиршова, каде според последните информации се наоѓа на интензивна нега и е надвор од животна опасност, пренесуваат медиумите во регионот.
Несреќата се случила кога детето возело велосипед по тротоарите, во придружба на неговата баба, и удрило во дрвен столб кој го обезбедувал просторот, односно зелената површина околу местото каде што се одржувал јавниот собир и се готвел гулаш.
Откако удрило во столбот, детето паднало во казанот.
Брзо е пренесено во Здравствениот дом Опово, а подоцна на лекување во Белград.
Свет
Нетанјаху призна: Се случи трагична грешка
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше нападот во текот на ноќта врз шаторскиот камп во градот Рафах во кој загинаа најмалку 45 лица.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека целеле двајца високи лидери на Хамас во еден од комплексите на групата и ќе ги разгледаат извештаите дека пожарот се проширил во засолништата, загрозувајќи ги цивилите.
Нетанјаху рече дека Израел се обидел да ги заштити цивилите со евакуација на еден милион луѓе од Рафах, каде што се проценува дека се наоѓале околу 1,5 милиони луѓе пред почетокот на офанзивата.
„И покрај нашите напори да не ги повредиме, се случи трагична грешка. Ние го истражуваме инцидентот. За нас тоа е трагедија, за Хамас тоа е стратегија“, рече Нетанјаху во парламентот.
Во соопштението објавено доцна синоќа по експлозијата во Газа, ИДФ соопшти дека „елиминирала“ двајца високи претставници на Хамас – Јасин Рабија и Калед Нагар – во „прецизен“ воздушен напад „во северозападниот дел на Рафах“.
Нападот предизвика бес кај светските лидери кои повикаа на спроведување на пресудата на Светскиот суд за да се запре израелскиот напад.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е огорчен од последните напади на Израел.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел изјавија дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата мора да се почитува.
Европа
Макрон: Идеите на екстремната десница се шират во Европа
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди денеска во Дрезден за ширењето на екстремната десница во Европа и повика на дополнителна помош за Украина бидејќи се работи и за безбедноста во Европа.
„Секаде во нашите демократски општества, идеите кои доаѓаат од екстремната десница се шират. Овој корумпиран ветер се шири низ Европа, тоа е реалноста. Конечно мораме да се разбудиме“, рече Макрон во својот говор пред реновираната катедрала во Дрезден, кој беше целосно уништен во сојузничкото бомбардирање.
На вториот ден од неговата тридневна посета на Германија, во својот говор, Макрон се осврна конкретно на Унгарија, каде што „европските пари се добредојдени“, но не се почитува независноста на судството и медиумите.
„Постои фасцинација од авторитарните режими. Само неколку километри од нас. Но, Европа не е себична, туку заедничка база на вредности и култура на индивидуална и политичка слобода“, рече Макрон.
„Она што е загрозено во Украина е безбедноста на Европа. Ниту Франција, ниту Германија не се повеќе безбедни ако во Украина победи владеењето на посилните“, рече Макрон.
Тој рече дека имајќи го предвид големиот скептицизам, особено кај граѓаните на Источна Германија, во однос на помошта за Украина, дека заедничкиот европски однос кон ова прашање е клучен.
„Ние не водиме војна против рускиот народ, но исто така не можеме да дозволиме авторитарен, ревизионистички режим како оној во Москва да и се заканува на Европа“, рече Макрон.
Тој уште еднаш ја истакна потребата да се подигне одбранбената подготвеност на Европа и да се стави крај на силното потпирање на САД. Макрон ја започна својата тридневна државна посета на Германија во неделата со средба со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, а во понеделникот продолжи со положување венец на споменикот на Холокаустот и говор во Дрезден.
Посетата завршува утре со средба со германскиот канцелар Олаф Шолц и заедничка средба на германската и француската влада.