Свет
Уапсени полицајци за шверц со луѓе
Двајца полицајци се осомничени дека учествувале во организирање канал за шверц со луге.
Двајца полицајци се осомничени дека учествувале во организирање канал за шверц со луге. Тие се упасени заедно со уште деветмина криминалци во голема полициска акција. Приведувањето на осумничените според кажување на очевидци , се одвивал под досега невидено обезбедување. Вистинска филмска рација., во која учествувале над 20 полицајци од редовната и од граничната полиција, но и од оделението за организиран криминал. Повеќе од седум часа траел распитот на девет лица кои во средата, еден час пред полноќ, со автобус на Граничната полиција биле пренесени до Основниот суд Скопје 1. Засега се приведени девет лица од групата што брои 11 лица, а се занимавала со криминални дејанија, во прв ред со илегално префрлање имигранти преку државната граница. Со оглед на тоа што групата ја сочинуваат македонски граѓани од неколку града, може да се каже дека станува збор за еден од најдобро организираните канали за транспорт на илегални минувачи на државната граница
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Двајца полицајци се осомничени дека учествувале во организирање канал за шверц со луѓе. Тие се упасени заедно со уште деветмина криминалци во голема полициска акција. Приведувањето на осумничените според кажување на очевидци, се одвивал под досега невидено обезбедување. Вистинска филмскаиnbsp; рација, во која учествувале над 20 полицајци од редовната и од граничната полиција, но и од оделението за организиран криминал.
Повеќе од седум часа траел распитот на девет лица кои во средата, еден час пред полноќ, со автобус на Граничната полиција биле пренесени до Основниот суд Скопје 1.
Засега се приведенииnbsp; деветиnbsp; лица од групатаиnbsp; што брои 11 лица, аиnbsp; се занимавала со криминални дејанија, во прв ред со илегално префрлањеиnbsp; имигранти преку државната граница. Со оглед на тоа што групата ја сочинуваат македонски граѓани од неколку града, може да се каже дека станува збор за еден од најдобро организираните канали за транспорт на илегални минувачи на државната граница. Од вкупниот број осомничени дури четворица се странски државјани, но двајца од нив, засега се недостапни за нашите органи на прогон.
Од судски извори дознаваме дека четворица од нив решиле да дадат своја одбрана, додека преостанатите петмина одлучиле да се бранат со молчење. Истите сознанија говорат дека само првоосомничениот пред истражен судија говорел повеќе од два часа. Распитот на осомничените траел до шест часот наутро, по што тие биле притворени во истражниот затвор "Скопје" во Шуто Оризари.
Портпаролот на Основниот суд Скопје 1, судијата Милан Доганџиски, вчера, го потврди приведувањето, распитот и притворањето на деветтемина осомничени за повеќе кривични дела. Според Доганџински, станува збор за полициска акција која долго време била подготвувана, а во реализацијата биле користени посебни мерки: следење, тонско снимање и снимање со инфрацрвени камери. Досегашните сознанија со кој располага полицијата говорат дека транспортерите на имигранти, во неколку наврати, успеале да прошверцуваат 30 лица, а дека непосредно пред нивното апсење бил пресечен нов контингент илегалци кои доаѓале од Албанија. Според официјалната полициска потврда, станува збор за 16 имигранти кои биле превезувани во камион-влекач.
Министерството за внатрешни работи информира дека завчерашното приведување е, всушност, апсење на две групи. Така, во првиот случај се инволвирани осум лица, но на слобода сў уште се наоѓаат двајца од нив. Скопјанецот Дејан С.(33), беровчанецот Јане Б.(42) и Зоран В., сопственик на скопската фирма "Кристибал", со камион-влекач, организирале транспорт на 16 албански државјани чија крајна дестинација била Грција. Имигрантите биле организирани од нивните сограѓани Ѓона Г. (29) од Корча и од недостапните Ѓ.У.(44) и К.Е.(25). За организираниот шверц имигрантите платиле меѓу 1.200 и 1.500 евра, откако легално влегле во државава на граничниот премин Свети Наум. Таму биле пречекани од прилепските таксисти Игор П.(28) и Благоја Б.(26), кои со возила ги пренеле до превалецот Плетвар, а таму имигрантите биле натоварени во камионот кој се упатил кон граничниот премин Богородица кај Гевгелија.
Кога камионот пристигнал на Богородица, возачот Зоран В. декларирал празно возило, но по извршени дополнителни проверки бил пронајден специјално изработениот бункер во кој биле скриени имиграните, меѓу кои и еден малолетник.Сведоците што го виделе ова тврдат дека тоа било филмска слика на избезумени и уплашени емигранти кои како глувци излегнале од бункерот со кренати раце. Против нив веќе се поднесени прекршочни пријави ; по краткиот притвор тие ќе бидат протерани од државава. Засега останува нејасно учеството на полицајците во шверцот на луге.
Вториот случај се однесува на обид за транзитирање на украдено моторно возило кое во државава требало да влезе во вторникот, во вечерните часови.
Некаде околу 19,30 часот возилото БМВ Х-5 се појавило на преминот Богородица, а дотаму го управувал бугарскиот државјанин М.Н. кој, откако го напуштил, пеш ја поминал државната граница. Сепак, луксузниот автомобил добил возач, откако во него влегол Раци Б.(38) од Подуево, Косово. Според договорот возилото требало да биде транспортирано до внатрешноста на државава, но во непосредна близина на Прилеп, Раци Б. бил пресретнат од полицијата која по извршени проверки утврдила дека за луксузниот автомобил биле изготвени фалсификувани документи и дека тоа во Интерпол е пријавено како украдено во Мадрид, Шпанија.
Дополнителните проверки покажале дека возилото влегло во Македонија, откако полицискот работник Венци Н.(39) и раководителот на смена Горан В.(38) воопшто не го контролирале и не го евидентирале. Затоа, против Дејан С. и Раци Б. се поднесени пријави за фалсификувањеиnbsp; исправа, а за полицајците за сторена злоупотреба на службена должност и овластување. Инаку, сите четворица издржуваат мерка притвор.
Непотврдени информации говорат дека полицијата презела голема акција која се одвивала на самиот граничен премин Богородица. Сите кои се затекнале на работа биле приведени и распитани, но дека само двајца биле задржани. Наши непотврдени созанија говорат дека големата полициска акција не е комплетирана и дека е можно да има нови приведувања и притворања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шест нови имиња откриени од архивата за Епстин, расте притисокот за целосна транспарентност
Откриен е идентитетот на шест лица oд досиејата за Џефри Епстин, чиишто имиња досега не биле објавени. Информацијата ја објави конгресменот Ро Кана, демократ од Калифорнија, наведувајќи дека станува збор за Салватор Нуари, Зураб Микеладзе, Леоник Леонов, Никол Капуто, Султан Ахмед бин Сулајем и милијардерот и претприемач Лесли Векснер, пренесува „Њузвик“.
Кана и републиканскиот конгресмен Томас Меси од Кентаки го обвинија американското Министерство за правда (DOJ) дека неосновано ги криело овие информации од јавноста.
„Моето прашање е зошто Томас Меси и јас моравме лично да одиме во Министерството за правда за имињата на овие шестмина да станат јавни“, изјави Кана за време на расправа во Претставничкиот дом. „Ако за два часа откривме шест имиња што ги криеле, замислете колку уште лица прикриваат во три милиони документи.“
Министерството за правда неодамна објави повеќе од три милиони страници документи, како и илјадници фотографии и видеа од истрагите поврзани со Епстин, финансиски магнат и осуден сексуален престапник кој во 2019 година изврши самоубиство во затвор додека чекаше судење за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Иако властите тврдат дека со тоа ги исполниле обврските од Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, и натаму трае расправата околу тоа кои податоци се затемнети, од кои причини и дали ќе биде потребно дополнително објавување документи.
Кана и Меси побараа целосно објавување на сите документи поврзани со Епстин, тврдејќи дека Министерството го прекршува Законот за транспарентност. Шесте објавени имиња, според нив, се сметаат за потенцијални соучесници.
Најпознатото име на листата е Лесли Векснер.
„Не гледам ниту една одредба во законот што дозволува имињата на овие мажи да бидат затемнети“, изјави Меси. „Станува збор за список од дваесет лица. Максвел и Епстин се наведени, можеби уште едно или две лица, а сите останати се скриени.“
Меси додаде дека имињата „веројатно се инкриминирачки“, наведувајќи дека едно лице наводно има висока позиција во странска влада.
„Едно од другите имиња е многу истакната личност“, додаде Кана.
Според него, дополнителна загриженост предизвикува фактот што многу делови од досиејата и понатаму се затемнети. Тој тврди и дека Министерството наводно „масовно ги затемнило“ сите женски имиња, што отвори нови прашања за можни учесници во мрежата на Епстин.
Пред донесувањето на Законот за транспарентност на досиејата на Епстин во ноември, претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација изразуваа скепса кон целосното објавување на документите. Белата куќа и Министерството за правда првично беа воздржани, но Трамп подоцна го промени ставот и го потпиша законот.
Заменик-државниот обвинител Тод Бланш минатиот месец изјави дека Министерството не се обидува да го заштити Трамп при објавувањето на документите. Трамп повеќепати негираше каква било поврзаност со кривичните дела на Епстин и никогаш не бил обвинет во тој случај.
Анализа на „Њујорк тајмс“ покажала дека во објавените документи Трамп, Меланија Трамп, неговиот клуб Мар-а-Лаго и поврзани теми се спомнуваат повеќе од 38.000 пати. Тие наводи не имплицираат кривична одговорност и вклучуваат новински текстови, интерни расправи во Министерството, летни дневници, електронски пораки и непроверени пријави.
Сè поизвесно е дека Министерството за правда би можело да биде принудено да објави дополнителни информации, вклучително и претходно задржани имиња на потенцијални соучесници. Сè уште не е јасно кои податоци се заштитуваат и од кои причини, што предизвикува сè поголем јавен и политички притисок за целосна транспарентност.
Свет
Трамп најави можност за ново воено засилување кон Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека размислува да испрати втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, доколку пропаднат преговорите со Иран.
Тој рече дека САД веќе имаат „армада“ во регионот и дека опциите се јасни: „Или ќе постигнеме договор или ќе мора да направиме нешто многу остро, како и минатиот пат.“
Во моментов во регионот е распоредена ударната група околу носачот „USS Abraham Lincoln“, а американски претставник потврдил дека се воделе разговори за дополнително засилување.
Иако воено го засилува присуството, Трамп изразил оптимизам дека Иран сега посериозно пристапува кон преговорите, кои беа обновени во Оман.
Спорна точка останува иранската позиција дека нема да преговара за ништо освен за нуклеарната програма, и тоа без откажување од збогатување ураниум. Трамп изјави дека евентуален договор треба да го опфати нуклеарната програма и иранските балистички ракети.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнува во Вашингтон на разговори, додека Иран ја засилува дипломатската активност преку Оман и Катар.
Свет
Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк
Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.
Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.
На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.
Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.
Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.
Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.
Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.

