Свет
CNN го открила „тајното оружје на Трамп“ за влијание врз исходот на изборите

Американска телевизија CNN во саботата пренесе дека кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп, имал „тајно политичко оружје“ со коешто може да влијае врз исходот од гласањето.
Станува збор за лондонската компанија „Cambridge Analytica“, којашто според сознанијата на CNN, добила од Доналд Трамп повеќе од пет милиони американски долари за да ги убеди избирачите да гласаат за него на претседателските избори во САД кои ќе се одржат во вторник на 8-ми ноември.
Аналитичарите на споменатата компанија собираат информации за потенцијалните гласачи, а потоа го прилагодуваат политичкото рекламирање според резултатите добиени од психолошкиот портрет.
Информациите „Cambridge Analytica“ ги добива од социјалните мрежи, нудејќи им на корисниците да одговорат на нејзини или други прашалници, кои се наменети единствено за профилирање на индивидуалните карактеристики на испитаниците.
„Потоа податоците за лицето се споредуваат со неговото гласање на претходните избори, неговите омилени списанија, па дури и за тоа какви програми следи на телевизиите“, се наведува во написот на CNN.
Телевизијата притоа не наведува пример на политичкото рекламирање коешто било направено специјално за Трамп. Сепак, се наведува дека CNN добило од „Cambridge Analytica“ образец разработен претходно за сенаторот од американската сојузна држава Тексас, Тед Круз, кој се откажа од трката за претседателската номинација на Републиканската партија.
За Круз лондонската компанија определила 160 типови гласачи, меѓи кои „закоравен традиционалист“ или „опуштен лидер“. Соодветно со тоа, за секоја група биле составени различни варијанти на пораки и онлајн реклами. На „традиционалистот“ му предложиле да „го сочува спокојството и да гласа за Круз“, а на „лидерот“ му ветиле дека „доаѓаат подобри денови“.
Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Доналд Трамп, не го коментирале извештајот на телевизијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Директор на погребално претпријатие чувал 31 тело во распаѓање, а на семејставата на починатите им давал лажна пепел

Директорот на погребалното претпријатие во американската сојузна држава Индијана, Ренди Ланкфорд, се изјасни за виновен откако таму беа пронајдени 31 тело во распаѓање.
Обвинителите го обвинија Ланкфорд, сопственик на бизнис во Џеферсонвил, дека не извршил погребни церемонии за кои бил платен, објави Би-Би-Си.
Судијата посочи дека би можел да одлежи 12 години затвор и мора да плати 46.000 долари на 53 семејства кои биле оштетени.
Полицијата во Џеферсонвил почнала да го истражува погребниот дом во Ланкфорд минатата година по извештаите за непријатен мирис од зградата.
Телата, кои ги немало ниту во замрзнувачите, биле во различни фази на распаѓање, бидејќи некои од нив биле неколку месеци во погребалното претпријатие.
Исто така, пронајдени се останки на 17 кремирани луѓе.
Ланкфорд беше ставен во домашен притвор во очекување на пресудата.
Меѓу наводите се дека бројни семејства ја добиле, како што веруваат, пепелта на нивните најблиски, за да добијат повик од полицијата неколку месеци подоцна, кога сфатиле дека вистинската пепел била пронајдена во погребално претпријатие или дека нивните најблиски не биле ни кремирани.
Свет
Ужас на Карибите: Ајкула ја одгриза ногата на 22-годишна девојка додека нуркаше

Девојка (22) во САД била нападната од ајкула и и’ ја одгризала ногата додека нуркала на Карибите. Американката е пренесена во болница во тешка состојба, соопшти локалната полиција.
Нападот се случил во средата попладне на еден од островите пред одморалиштето „Блу хевн“, кога 22-годишната девојка нуркала со пријателка, пишува „Скај њуз“.
„Повредената девојка беше гостин на друго одморалиште и клиент на компанија за патување со брод со која не сме поврзани“, изјави портпаролката на одморалиштето Стефани Мек.
Полицијата соопшти дека вработен во одморалиштето во близина на Ливард Марина повикал полиција за нападот на ајкулата и побарал помош од 911.
Пријателот на девојката не е повреден. Се уште не е познато за каква ајкула станува збор, пишува „Скај њуз“.
Регион
Ердоган ги повика граѓаните утре да гласаат, Киличдародглу порача: „Да ја извлечеме Турција од темната јама“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги повика граѓаните на таа земја утре да гласаат во вториот круг од претседателските избори. Неговиот ривал, кандидатот на опозицијата Кемал Киличдародглу, пак, му порача на народот да гласа за да ја извлечат земјата од „темната јама на дводецениското владеење на Ердоган“.
Како што јави Ројтерс, Ердоган и Киличдароглу планираат да привлечат околу осум милиони гласачи кои не излегоа на гласање во првиот круг од изборите.
Првиот круг од претседателските избори се одржа на 14 мај, а Ердоган освои повеќе од 49 отсто, додека Киличдароглу близу 45 отсто.
За победа беа потребни 50 отсто плус еден глас.
Обраќајќи им се на поддржувачите во Истанбул за време на последниот предизборен митинг пред вториот круг, Ердоган апелираше на голем одѕив.
„Ќе одиме ли утре на гласање? Ќе излеземе рано сабајле да гласаме за некого? Секој што гласал во првиот круг нека гласа и во вториот“ рече Ердоган, додека публиката воодушевено извикуваше „да“ – додава Ројтерс.
Киличдароглу, кој е поддржан од шест опозициски партии, рече дека секој што ја сака Турција „мора да гласа“.
„Ако навистина сакате, сите заедно ќе излеземе од оваа темна јама. Ги повикувам луѓето да гласаат, без разлика на ставовите или начинот на живот. Ова е последна шанса. Секој што ја сака земјата треба да излезе на избори“, порача Киличдароглу на Твитер.
Третопласираниот Синан Оган, кој освои 5,2 отсто од гласовите во првиот круг, го поддржа Ердоган.
Избирачките места се отвораат утре во 08:00 часот, а се затвораат во 17:00 часот по локално време.
Право на глас имаат над 60 милиони гласачи, а неофицијални резултати се очекуваат веќе во недела доцна навечер.