Daily news
Бројот на жртвите во петербуршкото метро се зголеми на 14
Бројот на жртвите во експлозијата во подземната железница на северната руска метропола Санк Петербург од понеделникот се искачи на 14, соопшти во вторникот министерката за здравство Вероника Скворцова.
„Можеме да потврдиме дека 14 луѓе загинаа, единаесет загинаа на самото место и тројца починаа тешките повреди кои беа опасни по животот“, соопшти министерката.
Според Скворцова, во болниците во Санкт Петербург се хоспитализирани уште 49 луѓе кои настрадаа во експлозијата во подземната железница. Претходно руските власти информираа за 11 мртви и 45 повредени.
Експлозијата се случи во понеделникот напладне во вагон меѓу две станици од подземната станица. Подоцна на друга станица , безбедносните служби открија уште една импровизирана експлозивна направа.
Рускиот Истражен комитет води истрага за терористички напад, но се проверуваат и други можности. Претходно во вторникот киргистанската разузнавачка служба го идентификуваше осомничениот за нападот како руски државјанин со потекло од Киргистан, Акбарзон Џалилов, роден во градот Ош во 1995 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
