Контакт

Билтен

Едроган ѝ се закани на Холандија со дипломатски санкции, на Германија ѝ порача дека ги крие терористите

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот вечерта ѝ се закани на Холандија со дипломатски санкции и порача дека поради забраната за турските политичари да одржат говори на собирите на турската дијаспора во врска со референдумот за проширување на претседателските овластувања во Турција на 16-ти април, ќе се обрати пред Европскиот суд за човекови права.

dobivaj vesti na viber

 

Во говорот кој беше пренесуван на јавната телевизија, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, ја обвини Германија за „немилосрдна“ поддршка на тероризмот.

Ердоган го разгневи одлуката на Холандија и Германија да ги забранат собирите на коишто турските министри требаше да ја мотивираат тамошната турска дијаспора и воопшто во Европа да гласа за уставните измени на референдумот на 16-ти април за проширување на овластувањата на шефот на државата. Поради овие забрани, Ердоган ги поврза двете земји со нацизмот и фашизмот.

„Зошто вие, госпоѓа Меркел, ги прикривате терористите во својата земја. Зошто не реагирате?!“, рече Ердоган во телевизискиот говор, обвинувајќи го Берлин дека не ги проучил 4.500 досиеја на можни терористи кои ги испратила Анкара.

„Госпоѓа Меркел, вие го поддржувате тероризмот“, рече Ердоган.

Турската влада сметаше на многу вакви собири во земјите со бројни турски емигранти. Германија ја има најголемата турската заедница на светот надвор од Турција, околу 1,4 милиони луѓе, додека во Холандија живеат околу 500.000 турски имигранти и нивните деца, а повеќето имаат двојно државјанство и можат да гласаат во двете земји.

Собирите покрај Германија и Холандија, ги забранија Австрија, уште една земја од Европската унија и сојузници на Турција во НАТО, како и Швајцарија, додека Франција му дозволи на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу да одржи политички говор во северниот град Мец.

Во меѓувреме Германија и Холандија своите државјани коишто патуваат од разни причини во Турција ги предупредија да бидат претпазливи и да ги избегнуваат големите собири, бидејќи поради референдумот се очекуваат тензии и протести./крај/мф/сн

Билтен

Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, кажа Николовски од СДСМ

Објавено пред

За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства, изјави денеска на прес конференција Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ

dobivaj vesti na viber

Според Николовски, ова е резултата на енергетските политики што ги креира и рализира владата предводена од СДСМ.

„До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола. Создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце, а со тоа ја заштитуваме и животната средина.За нештата да станат појасни, ДПМНЕ до 2016 година инсталираше само 18 мега вати. Неспоредливо. Со инвестициите во енергетиката, новите проекти го зголемуваат домашното производство на енергија, се намалува увозот и ја зголемуваме енергетска независност на земјата. Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, а многу проекти се во тек на реализација“, вели Николовски.

Прикажи повеќе...

Билтен

WikiLeaks откри мрежа на CIA која овозможува да се прикријат хакирањата

Објавено пред

Организацијата чијашто цел е разобличување на тајни документи на светските влади објави нови материјали кои протекле од американската Централна разузнавачка агенција (CIA), во кои се наведува дека е откриена мрежа на агенцијата којашто овозможува да се прикријат кибернетичките напади.

dobivaj vesti na viber

Документите објавени под насловот „Marble“ од серијата „Vault 7“, кодното име за најголемото според обемот истекување на документи на CIA, укажуваат на постоење тајна мрежа којашто ѝ овозможувала на агенцијата да ја сокрие својата вмешаност во извршени кибернетички напади, се наведува во соопштението објавено на страницата на WikiLeaks.

Публикацијата содржи 676 фајлови од изворниот код на тајната мрежа Marble. Според наведените информации, програмата којашто ја користеле соработниците на CIA во 2016 година, овозможувала да се „збунуваат“ текстуалните делови од кодот за штетните програми на CIA, така што истражителите или креаторите на анти-вирусна програма не можеле да ја откријат поврзаноста на американската разузнавачка служба со вирусите, „тројанците“ и хакерските напади.

Мрежата Marble бил достапна на кинески, руски, корејски, арапски јазик како и на фарси, што уште повеќе ја усложнувало работата на судските експерти за утврдување на изворот одговорен за дадениот кибернетички напад.

Се наведува дека Marble била користена само за збунување и прикривање на кодот, и оти самата посебе не содржела штетни елементи кои ја загрозуваат работата на софтверот./крај/мф/сн

Прикажи повеќе...

Анализи

Тирана продава старо оружје преку контроверзен бугарски посредник

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во 2015 година, албанскиот државен трговец за оружје MEICO продава 17.5 милиони куршуми произведени во Кина, 350 минофрлачи и 40 000 гранати на “Алгенс” ДООЕЛ, бугарска фирма, кој работела на програмата за обука и вооружување на умерените бунтовници во Сирија, се посочува во анализата која ја пренесува dnevnik.bg

 

Компанијата е поврзана со фаталната експлозија на полигонот во Анево во јуни 2015 година, која го однесе еден животот на снабдувач на оружје на Пентагон, кој го тестирал оружјето, наменето за Сирија.

 

Сопственикот на “Алгенс” ДООЕЛ е бизнисменот Александар Димитров, поранешен бизнис партнер на познатата фигура од криминалниот свет Бојан Петракиев-Барон.

 

Тајните документи за извоз на оружје, со кои Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, располага, откриваат податоците за албанските зделки, чија вредност надминува еден милион евра.

 

Тие покажуваат како застарено оружје и муниција произведени во Кина и Албанија, се извезуваат за Бугарија, во рамките на четири извозни лиценци потпишани во 2015 година, а се меѓу албанската Воена компанија за увоз и извоз, MEICO, и “Алгенс”

 

Во исто време “Алгенс” е најмена како поддоставувач на Командата за специјални операции на САД, SOCOM, како дел од нејзините обиди да ги вооружи и обучи сириски бунтовници, кои се борат против Исламската држава.

Според експерти малку веројатно дека оружјето било наменето за  Бугарија односно да таа била крајната дестинација за опремата. Но, според староста на оружјето тоа не е така, бидејќи Бугарија има релативно модернизирана армија и е дел од НАТО.

 

Односот на “Алгенс” кон смртоносната експлозија

 

Учеството на “Алгенс” во американската програма за Сирија беше откриена во јуни 2015 година, кога 41-годишниот поранешен американски војник, Френсис Норвило загина при експлозија на граната, која се случи на полигонот во Анево, кој е во сопственост на државниот Арсенал и производител ВМЗ – Сопот.

 

Пораки и договори, откриени од BIRN, по тужбата покрената во САД, како и извори во Бугарија, откриваат нови детали околу инцидентот.

 

Одговорноста на “Алгенс” за експлозијата е жестоко оспорувана, но нема сомнеж дека компанијата имала централна улога во организацијата на обуки на полигонот.

 

Норвило и повредениот колега Мајкл Доерти се најмени од Пентагон, а договор е вреден 28 милиони долари и има за цел да ги обучуваат сириски бунтовници да се справат со различни оружја од советски тип.

 

Тие патуваат во Белорусија и потоа во Бугарија, за да го тестираат оружјето  кое подоцна треба да биде испратено во тренинг кампот во Јордан, покажуваат документите од тужбаат поднесена во Флорида од вдовицата на Норвило и Доерти.

 

Во судските документи од процесот воден против трите американски компании поврзани со инцидентот – Purple Shovel, Skybridge Tactical и Regulus Global – се тврди дека дефектна граната стара над 30 години, со бугарско потекло била отфрлена како опасна од Пентагон, кој пак  барал извори на муниција за сириските бунтовници.

 

По трагедијата бугарските власти го посочуваат “Алгенс” како компанија која на полигонот ги вработува американските војници и обезбедува дефектна граната. Министерство за економија и наметнува на фирмата санкција во износ од 125 000 лева, поради немање на дозвола која треба да ја издаде Министерството, а е наменета за спроведување на тренинг, поточно конкретно за активностите посолени во фаталниот ден.

 

“Алгенс”, која ги негира обвинувањата,  успешно ги обжали санкциите во Пловдивскиот административен суд.

 

Во својата одлука, Судот посочува дека министерството, направило значителни административни прекршоци и не успеало да докаже дека “Алгенс” всушност го најмил полигонот на денот на инцидентот.

 

Во писмена изјава Purple Shovel, главниот договарач на Пентагон во рамките на сириската програма, објаснува за BIRN дека “Алгенс” е вовлечена во проектот од еден од поддоставчите меѓу кои и – Regulus Global – со заложба да организира обуки и да обезбеди муниција. Компанијата, сепак, додава дека инцидентот се случил во рамките на “забавно пукање” откако наводно официјалното учење веќе било завршено.

 

BIRN располага со програмата на обуката, која всушност покажува дека “Алгенс” го најмила полигонот за фаталниот ден петок, 5 јуни. Програмата открива уште дека во обуката учествувале вработени на бугарските производители на оружје ВМЗ – Сопот, и Аркус – Лјасковец, ангажирани од Американците да работат со различни оружје и муниција од советски тип.

 

Меѓу нив е и дефектниот минофрлач Ог-7, кој ја предизвикал смртоносната експлозија. Документите во случајот што се води во САД, откриваат како компанијата Skybridge Tactical, ги најмиле Норвило и Доерти,  а пред судот тврдат дека експлозијата се случила во рамките на официјална обука и како резултат на тоа дека засегнатите страни требало да бидат компензирани од страна на американската влада.

 

Regulus Global отфрла овие обвинувања како неодржливи.

 

Инцидентот не е единствениот судир на “Алгънс” со законот. Во 2015 година РИОСВ – Стара Загора, ја казнува фирмата, бидејќи не поднела известување до еколошкото министерството за складирање на експлозивни материи во Производствениот-магацин “Бршен” во градот Сливен. Потоа Сливенскиот Окружниот суд ја намалува казната на 2000 лева.

 

Финална дестинација на албанското оружје – “Блискиот Исток или Африка”

 

Војните на Блискиот Исток стануваат причина за невиден прилив на оружје и муниција од Балканот, а во сето ова Бугарија игра важна улога како  извор на оружје, така и на центар за договори за оружје.

 

Запрашан за коментар во врска информациите поврзани со “Алгънс” и препродавањето на старото албански воено оружје, Патрик Веземан од Стокхолмскиот International Peace Research Institute, водечки извор на информации за оружената трговија, посочи дека е премногу малку веројатно дека Бугарија била крајната дестинација на муницијата, затоа што мора да се има предвид нивната возраст.

 

Според него, најверојатно опремата  поминала во Сирија, Јемен или Африка.

 

“Има неколку можни сценарија”, објасни Веземан. “Едниот е дека тоа оди во Сирија или Јемен. Друго  е дека корумпираните државни службеници во Африка  го откупуваат како дел од криминална шема. Оружјето од вишоците се пласира во Африка, како дел од официјалниот извоз, иако често има сомневања за корупција”.

 

Командата за специјални операции на САД не одговори директно на прашањата ни дали тоа е откупена кинеска муниција од Албанија за потребите на сириската програма, туку само посочи дека новинарите треба да “зборуваат со” Алгенс “за активностите”.

 

“Алгенс” одби да објасни што се случило со военото опрема, откако пристигнало во Бугарија.

Purple Shovel , во писмена изјава за BIRN вели дека компанијата не е купува кинеското оружје и дека “никогаш не е направила бизнис договор директно со” Алгенс “.

 

Тирана има контроверзна историја за извоз на оружје од големите резерви од кинеска муниција, која потекнува од 60-тите и 70-тите години од минатиот век, кога Пекинг беше главен воен партнер на албанскиот комунистички режим.

 

Во 2007 година трговецот на оружје AEY со седиште во Флорида продаде милиони застарени куршуми на кинеско производство на Пентагон за војната во Авганистан. Муниција претходно беше репакувана во картонски кутии, за да изгледа дека се произведени во Албанија, за да може да се заобиколи САД од каде имаше забрана за купување на муниција од Кина.

Сопственикот на фирмата Ефраим Дивероли доби 4-годишна затворска казна за измама направена во 2011 година

 

Во 2011 година 800. 000 кинески гранати кои Албанија требаше да ги достави на Обединетите Арапски Емирати, нелегално беа пренасочени и паѓаат во рацете на бунтовниците во Либија.

 

Албанското Министерство за одбрана изјави дека “Алгенс” обезбедила коректни документи за експорт на оружјето за Бугарија и дека тоа проверило дека фирмата “не е вовлечена во криминални активности”. Министерството, додаде дека за повторен извоз на муниција се бара негова согласност, макар и да е докажано дека често оваа клаузула не се почитува.

 

Изгледа дека врските на “Алгенс” со Албанија го надминуваат откупот на старо оружје. Во 2016 година компанијата се обиде да купи фабрика за оружје од комунистичко време, која се наоѓа во малото албанско село Поличан. Во писмена изјава  “Алгенс” за BIRN  се вели дека таа се откажала од својата намера.

 

Врски со организираниот криминал

 

Сопственикот на “Алгенс” Александар Димитров е поранешен бизнис партнер на добро познатата фигура од бугарскиот организиран криминал Бојан Петракиев Борисов, попознат како Варон. Референца во Трговскиот регистар покажува дека Димитров го основал “Алгенс” ДООЕЛ во 2009 година, со главна дејност трговија со оружје.

 

Во 2004 година Димитров и Петракиев формираат компанијата за трговија со остатоци SIB Metal. Димитров за BIRN, писмено посочил дека фирмата е запрена уште во фаза на регистрација и дека оттогаш не се видел со Петракиев.

 

Во својот извештај Центарот за полициски студии на МВР го одредува Петракиев како пример за “препознатлива фигура во криминално свет”. Документот, објавен во 2010 година, наведува дека Петракиев е осудуван десет пати и има други осум дела за широк спектар на злосторства, меѓу кои кражба на автомобили, хулиганство, нелегално поседување на оружје и дрога и учество во организирана криминална група.

 

Во 2009 година тој е осуден за водење на организирана криминална група за изработка на кредитни картички, која оперира во 8 земји, се вели во извештајот. Во 2012 година повторно е осуден – за водење на нелегално казино.

 

Истрагата е спроведена од BIRN заедно со Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал, како дел од проектот Paper Trail to Better Governance.крај /мф/кс

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Илиевски: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на...

Македонија3 часа

МНР ќе одлучува дали има оправдани причини антикорупционерите да добијат дипломатски пасоши

Веста дека претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, добила дипломатски пасош, а останатите членови исто така поднеле барање, оти многу патувале,...

Македонија3 часа

(Видео) Лефков: Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од...

Топ5 часа

Приведен разбојник во Скопје, со употреба на сила од вработена во продажен објект одзел производи

Полицијата приведе 31-годишен скопјанец кој со употреба на сила одзел производи од продажен објект во Драчево, информира МВР. „На 19.07.2024...

Македонија7 часа

Расте бројот на пожари низ Македонија: во моментов активно беснеат 12, познато е каде гори

Центарот за управување со кризи во последното деноноќие регистрира вкупно 35 пожари. Од нив 12 се се’ уште активни, а...

Македонија8 часа

Доаѓа невреме: пороен дожд и грмежи, силен ветер и град попладнево ќе ја зафатат Македонија

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните...

Македонија21 час

(Видео) Пороен дожд, грмотевици и град попладнево во Охрид, Свети Николе и Струмица

Во централниот дел од Пелагонија има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, извести Центарот...

Топ22 часа

Почина осуденик во Идризово, телото е дадено на обдукција

Денеска во 02.08 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во амбулантата во...

Топ22 часа

Уапсен 53-годишник, извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека...

Македонија22 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот меѓу селата Драгоево и Селце

Денеска полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува на пожар што избувна на планината...

Македонија1 ден

Министерот Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи

Министерството за здравство информира дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именува нови в.д. директори во повеќе здравствени установи....

Македонија1 ден

„Визер“ предупредува: Патниците да пристигнуваат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет денес

Пристигнете на аеродромот најмалку три часа пред летот, апелираат од „Визер“ по денешниот ИТ-колапс. Се очекуваат потенцијални прекини поради тековниот...

Топ1 ден

Пронајдено телото на скопјанецот што се удави во Дојранското Езеро

По преземените мерки и активности, тим пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска, околу 7 часот, во Дојранското Езеро го...

Македонија1 ден

(Видео) Спречена експлозија на над 80 тони гас кај поранешна „Порцеланка“ во Велес

Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка „Порцеланка“...

Македонија1 ден

(Видео) Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Лесковац: со фамилијата се враќале од одмор во Словенија

Во сообраќајна несреќа кај Лесковац едно лице загина, а тројца се повредени. Несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над...

Македонија1 ден

Рекорден број повици од постоењето на бројот за итни случаи 112

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици...

Македонија1 ден

Пожарот кај Битола локализиран, но сѐ уште постои опасност, од Пелистер е оддалечен 10 километри

Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот...

Свет1 ден

Полицаец повреден со нож во центарот на Париз, насилникот неутрализиран

Еден полицаец е повреден во напад со нож во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен....

Македонија1 ден

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја

Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град....

Македонија1 ден

Костадинов заврши на инфузија, вдишал чад од пожарите

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера завршил на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите. -Пожарникарите-спасители изразуваат голема благодарност...