Контакт

Билтен

Сé поголемата нееднаквост во Германија ѝ се заканува на општествената кохезија

Објавено пред

Сé подлабокиот јаз меѓу богатите и сиромашните во Германија би можело да ја загрози кохезијата на општеството во најголемата европска економија и најнаселената европска држава, се заклучува во најновиот извештај на германската влада.

„Доколку преовладува впечатокот дека разликата меѓу сиромашните и богатите во општеството е преголема и дека богатството главно не е резултат на работа, прифаќањето на економскиот и општествениот поредок може да слабее“, покажува истражувањето на германското министерство за труд објавено во четвртокот.

Авторите на истражувањето предупредуваат дека „на луѓето им е многу важно и тие и нивните деца да имаат можност да го подобрат својот социјален статус или барем да спречат тој да се влоши“.

„Доколку тоа биде доведено во прашање, би можело да дојде немири во сите слоеви на општеството“, се предупредува во споменатиот извештај.

Во Германија најбогатите 10 отсто од домаќинствата поседуваат повеќе од половината од вкупното богатство во земјата, додека најсиромашните 50 отсто имаат само околу 1,0 отсто, изјави во четвртокот за новинарите министерката за труд Андра Нахлес.

Две третини од богатствата во земјата потекнуваат од наследство или подарувања.

Истражувањето покажува и дека е битно намалена можноста децата да добијат подобро платени работни места отколку нивните родители. За половина помали се и шансите дека генерациите родени во 1970-те и 1980-те години чиишто родители се послабо образовани или имаат ниски работни квалификации ќе имаат подобар животен стандард отколку нивните родители, отколку што тоа бил случајот со генерацијата од 1960-те, покажало истражувањето.

Распределбата на богатствата и ризикот од сиромаштија во Германија позначајно не се менувале „и покрај добрата економска ситуација и вкупното зголемување на вработеноста“, се додава во извештајот./крај/мф/сн

Најново

Македонија2 минути

Времето утре – сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален...

Култура14 минути

Агенцијата за филм ги „ꜱирна“ анимираните „Лефти и Рајти“

Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот...

Македонија21 минута

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел...

Македонија46 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија58 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија1 час

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија2 часа

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет2 часа

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника2 часа

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...