Контакт

Daily news

Франција: Расте поддршката на Меланшон по тв дебатата

Објавено пред

Кандидатот на крајната левица Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон лесно би можел да ги претвори француските претседателски избори во трка на четворица кандидати, покажува последните испитувања на јавното мнение, потврдувајќи дека расте поддршката за него по телевизиската дебата на сите единаесет претенденти ноќта кон средата.

Две анкети спроведени по телевизиското соочување покажуваат дека 65-годишниот Жан-Лук Меланшон, која ја има поддршката и до француската Комунистичка партија, заостанува само еден или два процентни поени од третопласираниот кандидат на конзервативната партија Републиканци, поранешниот премиер Франсоа Фијон во непредвидливата трак, имајќи предвид дека повеќе од третина од гласачите уште не се одлучени за кого ќе го дадат гласот во првиот круг на 23-ти април и во вториот на 7–ми мај.

Испитувањето на јавното мнение кое го спровел институтот Harris Interactive, објавено во четвртокот, покажува дека поранешниот министер за економија Емануел Макрон, лидер на новото лево центристичко движење Напред, има незначително водство во првиот круг пред челничката на крајната десница Национален фронт, Марин Лепен, до 25 наспроти 24 отсто.

На малку повеќе од две седмици од првиот круг, Меланшон приреди изненадување откако поддршката за него скокна од 13,5 на 17 отсто, додека Фијон, соочен со обвинувањата за непотизам, се задржал на 18-процентна поддршка.

Анкетата којашто ја објави Elabe во средата вечерта, му дава на Меланшон два процентни поена повеќе отколку пред една седмица, исто така, 17 отсто, и покажува дека му се приближува на Фијон, кој според оваа анкета имал раст од еден процентен поен на 19 отсто.

Двете анкети покажуваат дека Макрон ќе ја победи Лепен во вториот круг.

Меланшон, според испитаниците, покажа најуверлива настап во четиричасовната телевизиска дебата која започна доцна вечерта во вторникот којашто ја гледале повеќе од шест милиони гледачи./крај/мф/сн

Најново

Спорт18 секунди

Артета во Арсенал барем до 2030 година

Актуелниот шампион на Премиер лигата, Арсенал, го продолжи договорот со тренерот Микел Артета. Арсенал секогаш сакал да има континуитет со...

Економија15 минути

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија21 минута

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт24 минути

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт32 минути

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија46 минути

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура47 минути

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...

Македонија54 минути

Приведен вишиот обвинител од Битола, при претресите одземени шест телефони и компјутер

Вишиот јавен обвинител од Битола, против кого Обвинителството поведе постапка поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, е лишен...

Црна хроника1 час

Затвореник избегал од затворот во Струмица, утредента ја грабнал сопругата

Затвореник избегал од затворот во Струмица, а нaредниот ден ја грабнал и ја нападнал неговата невенчана сопруга. Според информациите на...