Европа
Шидло: Римската декларација го обновува единството на ЕУ
Премиерот на Полска, Беата Шидло рече дека декларацијата, потпишана од лидерите на ЕУ во Рим не е толку амбициозна каква што полската Влада ја сакаше, но во актуелната политичка ситуација таа е прифатлива, затоа што е “прв чекор кон обновата на единството во Унијата”, пишува во понеделникот Warsaw Voice.
„Земјите-членки, потписнички на декларацијата, се обврзаа да изградат нова европска заедница”, изјави Шидло.
Таа изрази задоволство од тоа што предлозите на полската Влада биле вклучени во документот.
„Сакаме ЕУ да разбере дека без реформи, без потребните промени, нема да има иднина за Унијата”, истакна премиерот.
„Полска ќе ги покаже насоките, кои ЕУ ги бараше”, додаде Шидло./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
