Европа
Британците откриле 5,7 тони кокаин во пратка со банани, дрогата била наменета за европскиот пазар
Во пристаништето Саутхемптон на 8 февруари полицијата заплени 5,7 тони кокаин во вредност од 526 милиони евра. Тоа е најголемата заплена на дрога од класа А досега во Велика Британија. Националната агенција за криминал (NCA) и граничната полиција ја пронашле дрогата во контејнер со банани од Јужна Америка, пренесува Sky News. Претходната рекордна заплена беше извршена во истото пристаниште во 2022 година и изнесуваше 3,7 тони.
„Оваа рекордна заплена ќе биде огромен удар за меѓународниот организиран криминал. Тоа ќе го прекине огромниот профит“, рече директорот на NCA, Крис Фаримонд. „Дестинацијата на оваа пратка беше континентална Европа, но не се сомневам дека значително количество дрога ќе завршеше назад кај нас“, додаде тој.
Полицајците утврдуваат која криминална мрежа ја организирала испораката на дрога во пристаништето Саутемптон. Откриено е дека крајната дестинација на пратката требало да биде Хамбург, Германија. NCA проценува дека бандите во Британија во просек заработуваат 4,7 милијарди евра годишно од продажба на дрога.
„ NCA пресретнува меѓународни мрежи дома и во странство, ги запираме на секој чекор“, рече Фаримонд и нагласи дека меѓународната соработка е клучна за оваа мисија.
Портпаролот на NCA изјави дека шверцот на кокаин е тесно поврзан со насилството во синџирот на снабдување. Министерот за миграција и граници Том Персглов рече дека владата има нулта толеранција за шверцот на дрога. „Оваа заплена испраќа јасна порака до криминалците дека ќе ги фатиме“, рече тој. „Нашата гранична полиција неуморно работи на заштита на границите и одржување на јавната безбедност“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.